27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаОсновци во Битола на училиште испpaшувани дали имале ceкс со постари.

Основци во Битола на училиште испpaшувани дали имале ceкс со постари.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инсистирав дека ние како родители имаме законско право да знаеме какви прашања им биле поставени на децата. Едвај ни прочита само три прашања, од кои едното беше: „Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или во тоалет и дали сте ја објавиле на интернет“ – раскажува мајка на ученик, пренесува Слободен Печат.

<

„Дали си имал/а сексуални односи со лица пет постари години од вас“, „колку заработуваат твоите родители“, „дали твоите родители се алкохоличари“, „дали си имал/а самоубиствени нагони“, „дали дома редовно имаш храна“ се само дел од прашањата од анкета на која одговарале ученици од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, која ги разгневи нивните родители.

Родителите, кои без да ги видат прашањата се согласиле на „анкета за насилство и булинг во училиштето“, сега инсистираат да знаат дали овие прашалници ги изработуваат стручни лица и кој ги одобрил.

Љубица Мусуланова-Ристевска, претседател на Советот на родители во училиштето, вели дека со вакви прашања на децата, наместо да се заштитат, им се даваат лоши идеи. Како претставник на родителите, таа имала состанок со Димитринка Јорданова-Пешевска, професорка од Универзитетот „Американ колеџ“, која го спроведувала анкетниот прашалник. На состанокот присуствувале и двајца наставници, како и една соработничка на професорката, а не присуствувала директорката на училиштето.

Мусуланова-Ристевска добила одговор дека анкетата се спроведува за научноистражувачки потреби на професорката Јорданова-Пешевска, која како експерт работела за СЗО и УНИЦЕФ. Целта на анкетата била да се види каква е состојбата со „булингот“ во училиштата надвор од Скопје, откако претходно биле спроведени вакви анкети и во главниот град.

– Ниту еднаш не ни беше даден на увид анкетниот прашалник што го пополнуваа децата. Професорката Јорданова-Пешевска цело време се вадеше на тоа дека во анкетите имало одговори на децата и не сакала да се компромитираат. Јас ѝ побарав да ги прочита сите прашања со понудените одговори, што исто така одби да го стори од, за мене, нејасна причина. Таа, наводно, имала авторско право на таа анкета и не сакала да ја споделува. Инсистирав дека ние како родители имаме законско право да знаеме какви прашања им биле поставени на децата. Едвај ни прочита само три прашања, од кои едното беше: „Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или во тоалет и дали сте ја објавиле на интернет“ – раскажува Мусуланова-Ристевска.

Извор: Слободен Печатсе

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...