За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, рече на денешната прес конференција Сашо Донев носител на листа на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
-Изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.
Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме:
ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации.
ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ (4 ТЕРЕНИ ЗА БАСКЕТ, 4 ТЕРЕНИ ЗА ТЕНИС, ОД КОИ ЕДЕН ПОКРИЕН ТЕРЕН).
ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА СПОРТОВИ НА ВОДА (КАЈАКАРСТВО, ВЕСЛАЊЕ, ЕДРИЛИЧАРСТВО) И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНИ ПРОСТОРИИ.
ИЗГРАДБА НА СТАРТНА ПЛАТФОРМА ЗА ПОЛЕТНА БАЗА И СЛЕТ НА БАЗА ЗА ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ СО ЛЕСНИ ЛЕТАЛА.
Заокружи 7 за Спорт за сите!
7 за Промени, Проекти и Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, повика Донев.