Незаконито работење на второстепената комисијаи нејзиниот претседател, СПМ бара одговорност‼️
Денес од овде продолжуваме понатаму со посочување на секој инволвиран што учествувал, прикривал и помогнал да се спроведат НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА во МВР за ПАРТИЗАЦИЈА и ПРИВАТИЗАЦИЈА на институцијата!!!
Се наоѓаме пред влезот кој води кон просториите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен а може ќе забележите и позади дека стои навидум табла која означува седиште на државен орган.
Тука откако ќе се обрати полициски службеник и поднесе приговор за издадено ПАРТИСКО но НЕ законито решение со кое е извршено незаконско распоредување а кое било издадено и потпишано од Министерот Спасовски во изминатите 5 години, веднаш истото станува НЕВИДЛИВО и неможат да се видат НЕПРАВИЛНОСТИТЕ и НАМЕРИТЕ на Министерот Оливер Спасовски !!!
Претседателката и членовите на Државната комисијата со леснотија си куцаат и лепат копи паст препишани одредби од Закон колку да пополнат писмена содржина на хартијата во која ќе прочитате без врска образложенија за кои незнаеш дали да се чудиш или пак навистина треба да се запрашаш дали е можно можеби да се работи за ПРАВНА НЕПИСМЕНОСТ бидејќи онака лежерно како во времето на ФЕУДАЛИЗМОТ по желба на ИМПЕРАТОРОТ кој како сака сега може да си менува правила и прописи и особено да си чита НАОПАКУ одредби од Закони како што си можел на времето СУЛТАНОТ.
ДА БИДЕМЕ ПОЈАСНИ:
Тука најпрвин започнува посебен третман со претходно одоговлекување и ненавремено постапување а со кое следи спречување во остварување на работните права преку кршење на законските рокови и недобивање одговор во предвиден РОК од 60 дена за после чекање неколку месеци до година потоа 99 % од вработените во МВР да си дочекаат одговор со Решение кое гласи: “ПРИГОВОРОТ СЕ ОДБИВА” или преведено НАШТЕЛУВАНО како што би посакал Министерот Спасовски !!!
Овде наместо ПРАВДА се добива разочарување и чуство на безнадежност и веднаш ви станува јасно дека нема никакви шанси да профункционира владеењето на правото.
Оваа Владина институција наместо да функционира независно со непристрасност и наместо да биде КОРЕКТОР кој ќе ги предупредува сите оние Функционери кои постапуваат НЕЗАКОНСКИ во работењето од тоа овде ништо НЕМА!!! Туку напротив го има спротивното со тоа што кога ќе видите дека добивате одговори пристрасни од ЗАВИСНОСТ и наместо ЗАШТИТА си добивате впечаток како да сте се обратиле всушност во канцеларија или подружница на политичката партија која е на власт!!!
Тоа е така бидејќи овде раководи Функционер – Претседател на овој државен орган кој истовремено е и Претседател на Општински огранок во Велес како кадар на владеачката политичка партија, па така сфаќате дека исто ви се фаќа и скоро да нема разлика дали сте се обратиле во ШТАБ на партијата или пак во овие простории.
Претседателке Чадиева, како правник дали знаете по кој законик на РМ се одговара поради употреба на влијание од дадена функција за МЕСТЕЊЕ на ИСХОДИ ???
Госпоѓо претседателке, Вие која раководите со овој државен орган знаеме дека ја имате целосната контрола за увид во секој предмет по кој навидум не убедувате дека постапувате но поради пропуштање на должниот надзор за утврдување на значајни факти според постапките ни создадовте сомнение за ДА ве прашаме дали можеби сте под притисок на некој ваш колега ПОЛИТИЧАР повисок кој ви врши влијание за МЕСТЕЊЕ на НЕГАТИВНИ ИСХОДИ особено за вработените во МВР додека е Министер Оливер Спасовски?
И за крај да не должиме туку да ве прашуваме за НАЈБИТНОТО, дали Вие Претседателке сте виделе воопшто ЗАПИСНИК или пак предлог од раководител во МВР за распоредување на работник вработен во Министерството додека сте постапувале по приговорите и како проверивте и утврдивте дека сочинетата комисија формирана од Министерот Спасовски членовите воопшто гласале или како се советувале, како тоа го спроведувале: телефонски, со СМС пораки или пак каде се состанувале во простории на МВР, каде и КАКО се носеле наводните ОДЛУКИ дали ЗАКОНСКИ биле донесени или на приватен начин???
Постојат ли претседателке СОЧИНЕТИ и потпишани ЗАПИСНИЦИ од сите членови на првостепената комисија???
Додека е Министер Оливер Спасовски, дали сте виделе Решение од извршено распоредување да е издадено согласно член 111 од ЗВР со наведено образложение и став под кој се извршени распоредувањата или пак да се има повикано на одредбите член 41 и член 65 од КД на МВР,
Вие како законито констатирате и проверувате дали треба работодавачот да ги има образложено причините поради кои се врши едно распоредувањето кога воопшто Министерот ниту наведувал а ниту пак ги образложувал законито причините за наспроти тоа Вие да наведувате во Вашите решенија и ТВРДИТЕ дека првостепениот орган правилно го применувал материјално право што во превод значи дека Вие постапувате спротивно на член 7 од Законот за одлучување на Државната комисија во втор степен.
Дали поради употреба можеби на “розови очила” не гледате дека во МВР првостепениот орган со “ПРСТ” ги распоредува вработените според желбите на Министерот Спасовски со “ТИ ваму ТИ Таму” а Вие во глумечки стил се правите како БОЖЕМ не ги гледате ЗЛОУПОТРЕБИТЕ па онака ЕДНОУМНО наметнувате ради реда за кој сака може да поверува кога наведувате дека наводно правилно постапувала Комисијата за РАСПОРЕДУВАЊЕ и УНАПРЕДУВАЊЕ на полициски службеници.
Ниту ПРАВДА а ниту пак МИР создавате поради начинот:
Со меѓусебни ПАРТИСКО ДРУГАРСКИ подршки кои си ги давате еден на друг за ПАРТИЗАЦИЈА и ПРИВАТИЗАЦИЈА на Институцијата а тоа не е ниту ЧЕСНО а ниту ПРОФЕСИОНАЛНО особено кога се употребува службено влијание за да се аминува местење на ИСХОДИ а кои подоцна преку надлежните судови наместениот исход се ДОКАЖУВА па Ви се поништуваат и вашите исто така ПАРТИСКИ решенија како НЕЗАКОНСКИ, а средствата за надоместоци и трошоци за постапки пред надлежните судови се исплаќаат од Буџетот на РМ, само заради лични и партиски интереси и третман за пресметки со неистомисленици за кој треба да се исплаќаат авантурите со парите од граѓаните, а Министерот Спасовски си продолжува и понатаму да ја партизира институцијата МВР.
Во очекување на Вашиот одговор, ако вооопто после ова имате‼️⛔
Со почит,
Генерален секретар на СПМ Дејан Саздов
Стои во соопштението на Независниот Полициски Синдикат.
Линк до објавата Тука