5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваВерверичка во автомобил складирала повеќе од 70 кг ореви за 4 дена

Верверичка во автомобил складирала повеќе од 70 кг ореви за 4 дена

Бил Фишер, осигурителен агент од Северна Дакота вели дека веќе осум години се обидува да спречи една верверичка да го полни неговиот џип со ореви, но без успех. Минатиот месец верверичката поставила нов рекорд. Фишер нашол и отстранил од џипот околу 70 килограми ореви.

„Се расправам со црвената верверица од 2013 година. Ова стана како некаков ритуал, таа го полни мојот џип со ореви, а јас се обидувам да ги отстранам“, вели Бил.

 

 

Скоро секој дел од џипот бил полн со ореви. Верверичката успеала да влезе и под хаубата и да скрие ореви околу моторот. Исто така успеала да влезе и под предниот браник, тркалата и делови од вратите.
Фишер вели дека не ја видел верверицата сѐ додека оревите на дрвото под кое го паркирал џипот не почнале да паѓаат.

May be an image of outdoors
Фото: Facebook

„Досега вадев најмногу четири кофи, па со седумте кофи оваа година, верверицата имала одлична мисија“, вели Фишер.

May be an image of outdoors
Фото: Facebook

Сепак, трпението на Фишер е при крај. Тој преземал чекори за да стави крај на опсесијата на верверицата да го користи неговиот џип како складиште.

May be an image of fruit and outdoors
Фото: Facebook

Пред некоја година го испрскал автомобилот со табаско сос и мешавина од кајен пипер. Тоа било донекаде ефикасно до оваа година, кога верверицата како да ја привлекувал мирисот.

No photo description available.
Фото: Facebook

„Морам да имам смисла за хумор за ова по толку години. Вложувам исто толку труд колку и верверичката кога треба да го расформирам џипот само за да извадам кофа по кофа со ореви!“, вели Бен Фишер.

May be an image of food
Фото: Facebook

Погледнете каде се скрила ореви верверичката.

Видео Тука

AgroTim

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...