27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридНазивите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, но Охрид знае...

Називите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, но Охрид знае кој е нашиот број

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЈАВНА РЕАКЦИЈА
„Охрид има План Б“: Називите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, но Охрид знае кој е нашиот број – 98 за победа!

<

Комплетните имиња на политичките партии остануваат на гласачките ливчиња, но со најновата одлука на ДИК називите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, со што може да дојде до забуна кај гласачите, велат од Независната советничка листа „Охрид има План Б“.

– Називите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, но Охрид знае кој е нашиот број – 98 за победа. Водевме сосема позитивна кампања, се сконцентриравме на презентација на нашата програма на која вредно работеше нашиот тим и на нашите кандидати за советници со кои се гордееме. Имаме атрактивна кампања, преку која се претставивме пред нашите охриѓани. Гласачите во недела на 17-ти октомври, ќе можат да не најдат на гласачкото ливче како група избирачи Антонио Наумоски, а бројот е секако 98, порачаа од „Охрид има План Б“.

Од ДИК велат дека постапиле согласно член 60 став 9 од Изборниот законик според кој подносител на листата на кандидати е група избирачи, називот на листата се означува со „група избирачи“ и името и презимето на кандидатот.

За изгледот на гласачкото ливче од ДИК се повикуваат на членовите 97 и 98 од Изборниот законик. Овие членови предвидуваат гласачкото ливче за гласање за избор на градоначалник (член 98) и за избор на членови на совет (член 97) да содржи назив на гласачкото ливче, бројот на гласачкото место и општината, реден број, име и симбол (ако го има) на подносителот на листата како и реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...