15.6 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСредба на Мицкоски и Села во Охрид: Лидерите се сигурни во победа...

Средба на Мицкоски и Села во Охрид: Лидерите се сигурни во победа на локалните избори !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Останува уште малку време да ги презентираме проектите и плановите за развојот на Охрид, за излез од сивилото во кое што се наоѓа градоти цела Македонија. Од се тоа што беше ветувано, ништо не е направено. Освен тоа што изрушија, буквално ништо не изградија, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денес во Охрид.
Очекуваме и сигурни сме во победата на претстојните избори.

<

Од власта го очекувам сето тоа што го гледавме изминативе четири години, многу поткуп, притисоци, закани. Тука ние како ВМРО ДПМНЕ сме обединети дека треба да бидат поразени. Ќе имаме сериозна мобилизација на терен, што повеќе луѓе да излезат да гласаат, затоа што со останување дома ги одобруваме овие погрешни политики изминативе педесет и два месеци. Убеден сум во една голема победа во Охрид. Идната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе посвети големо внимание на Охрид и на охриѓани кои заслужуваат повеќе. Цениме дека сега не само што не се наоѓа на вистинското место, туку Охрид е и сериозно потценет. Ако очекувате поинакво однесување од Заев и неговиот кандидат тука во Охрид, освен тоа кое што го видовме изминативе години, тогаш се лажете. Ниту охриѓани, ниту јас очекувам поинакво однесување од Заев. Но, тоа што го слушнаав од охриѓани е дека се подготвени да ги поразат и одлучни се да го извадат Кирил Пецаков уште во првиот круг за градоначалник на градот Охрид, рече Мицкоски.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Села, по средбата истакна дека соработката на опозицијата во Македонија е на добар пат и очекувањата се дека ќе постигнат добри резултати секаде каде опозицијата конкурира со кандидати во сите општини во државава.

Мислам дека ова е добра работа која се случува, бидејќи опозицијата мора да има мостови за комуникација за да донесе промени. Се работи за локални избори, но од исходот од локалните избори ќе зависат многу други важни работи на централно ниво. Ова е соработка за да ја спречиме стапката на корупција. За жал, стануваме најкоруптивна држава во регионот и во светски размери, рече Села.
За повеќе детали: ТУКА
Извор и Фото: OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...

Јордан Митев: Тажна слика над моето родно село Подареш

Тажна слика над моето родно село Подареш. Прекрасната планината Готен со надморска височина од 1420 метри која го краси моето село е претворена во...

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...