9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаУште една хумана мисија на Панчо и Андреј од ДНК

Уште една хумана мисија на Панчо и Андреј од ДНК

spot_imgspot_img
„По вчерашната сторија за 5 членото семејство Јакимови, денес нашите патишта не водеа од село Ергелија Светиниколско, каде што отидовме да ги посетиме и помогнеме колку ни дозволуваат нашите можности“ – напишаа Панчо и Андреј од ДНК на социјалните мрежи.
„Живеат во трошната куќарка која за жал е речиси пред распаѓање. Не пречекаа навистина убаво како што доликува на една хармонична фамилија но со тажна насмевка. Живеат во едно мало собче заедно со нивните три прекрасни дечиња ( Бојана 14год, Давид 13,Викторија 10год. ) кои за жал неможат да имаат детство како секое нормално дете и за жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија но самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор. Голема благодарност до нашите пријатели Жито Маркети кои секогаш без проблем одговараат на нашите хуманитарни акции.
Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни.
Во наше и во името на Стојче би ве замолиле да ја раширите и споделите приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат“ – информираат од ДНК.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...