9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовските пожарникари велат дека се обидувале да го фатат кучето кое падна...

Тетовските пожарникари велат дека се обидувале да го фатат кучето кое падна од седми кат на недоизградена зграда

spot_imgspot_img

Од тетовската пожарникарска едниница информираат дека вчера, по повик на инвеститор на повеќекатница во градот, интервенирале со цел да извадат бездомно куче, но тоа се уплашило и почнало да бега од двајцата пожарникари. Кучето паднало од седмиот кат на зградата, за што на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео, а според пријавеното во полицијата, животното угинало по падот.

Голем дел до граѓаните кои го споделија видеото на социјалните мрежи напишаа дека кучето било фрлено од човек.
Во изјава за МИА, командирот на тетовската противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети објаснува дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба.

Според Амети, пожарникарите постапиле како што и правеле и во минатото кога отстранувале змии или спуштале мачки од високо.
Кучето се качило до горе до седми кат, пожарникарите се труделе да го фатат и да го симнат долу. Нормално кучето се исплашило или нешто се случило и газдата бил тука. Воедно и на снимката не се гледа човек, туку се гледа кучето со глава, што според мене кажува дека сака да скока, во смисла да се спаси. Бев во зградата, балконите не се доградени. Јас не верувам дека пожарникар може да направи такво нешто и да фрли куче од седмиот кат од зградата. Ако има такво нешто, ако се докаже дека навистина пожарникар го фрлил, секако ќе се преземеме одговорност за таквиот случај не можеме да дозволиме ваков немил настан, да се случува во градот Тетово. Ги замолувам и газдите што градат објекти во Тетово, тие да бидат затворени за да немаме вакви случаи, да не се качуваат кучиња во нивните згради, па да одиме да интервенираме па после да излеземе криви, дека намерно сме ги фрлале кучињата од таму“, вели Амети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...