15.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКондовски: За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема...

Кондовски: За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на нивна социјализација и подготовка за посамостоен живот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на нивна социјализација и подготовка за посамостоен живот. Како иден градоначалник на Битола се обврзувам таа поддршка да биде континуирана и системска.
Ова им го порачав на претставниците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака Битола, кои посветено работат со оваа категорија деца од нашиот град.
При посетата на Центарот „Порака“ видов дека овде низ квалитетни работилници се едуцираат и социјализираат талентирани деца, на кои им треба внимание и поддршка за да продолжат посигурно да чекорат низ животот. Особено ме трогна нивната желба за часови по гитара.
Да им подадеме рака на овие деца и нивните родители е наша обврска како заедница, а идната локална самоуправа ќе биде нивна стабилна потпора во процесот на обезбедување системска поддршка преку програми кои ќе го поддржат нивниот личен, социјален и професионален живот.
Тоа подразбира и проширување на просторните можности на Центарот, како и негово доопремување спрема потребите на образовните програми.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...