Билјана Богданова-Смилевска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“.

Билјана Богданова-Смилевска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“.

Родена на 7.2.1986 година во Штип, Република Македонија, по националност Македонка, живее во населбата Видобишта.

Основно и средно образование завршени во Штип. Високо образование завршено на Факултет за безбедност-Скопје на Универзитетот ,,Свети Климент Охридски“ – Битола, безбедносна насока, со стекната диплома Дипломиран криминалист.
Завршени постдипломски студии на Факултет за детективи и безбедност, Прв Приватен Универзитет ФОН-Скопје, насока безбеносни науки со стекната диплома Магистер на безбедносни науки.

Завршени докторски студии на Факултет за безбедност-Скопје, при Универзитетот ,,Свети Климент Охридски“ – Битола со стекната титула Доктор на науки од областа на безбедноста.

Работно искуство стекнува во различни области како застапник во осигурување во Евроинс Осигурување АД Скопје; Асистент на пратеници во Канцеларија за комуникација со граѓани во Охрид, при Институтот за парламентарна демократија во рамки на Собранието на Република Македонија и во текот на работниот ангажман посетила бројни обуки, работилници и тркалезни маси од областа на парламентарната демократија, основи на комуникација со граѓани, социјалните медиуми и електронски алатки во поддршка на комуникација со граѓани, зајакнување на учеството на граѓанските организации во законодавниот процес, подобрување на работата на пратеничките групи итн.; Помлад соработник за заштита, пожари и осигурување во ЈП ,,Градски Пазар”, Охрид при што учествувала на обуки и работилници за безбедност и здравје при работа и се стекнала со познавања и од областа на противпожарната заштита; Административен работник во приватна агенција Мебо 2012 – Охрид.

Основач, актуелен претседател и лиценциран ракометен тренер на Ракометниот клуб ,,Лихнид 2012”, при што едуцира млади категории во областа на ракометот и активно партипицира во националниот систем на натпреварувања во младинските лиги и меѓународни ракометни турнири и континуирано посетува семинари, модули и обуки од областа на ракометот.

Денес работи како универзитетски професор на Факултетот за детективи и криминалистика во состав на Европски Универзитет-Скопје.

Пројавила значителна активност на планот на научната, стручната и апликативната дејност, манифестирана преку учество на бројни меѓународни научно-стручни конференции, обуки, семинари и стручни расправи во земјата и во странство, заради едукативна наобразба со фокусираност на истражувањата во областа на безбедносните науки. Остварува активна соработка со многу здруженија и невладини организации и учествува во меѓународни проекти.

Во научната област партиципира со одбранетата докторска и магистерска теза, а покажала значаен интерес во научно-истражувачката дејност, при што има објавено17 научни и стручни трудови од областа на безбедноста, презентирани на меѓународни конференции и објавени во меѓународни научно-стручни списанија и зборници

Солидно владеење на компјутерски вештини и познавање на странски јазици. Комуникативност, иновативност, тимско работење, професионалност, посветеност, истрајност, лојалност, одговорност и доследност како клучни социјални вештини во остварување на стратешки цели.
Континуиран напредок со максимално вложување и исцрпување на личните предиспозици и стручни способности, континуира надоградба и усовршување како неопходен услов за успех на секое поле.

Приоритетни цели во однос на позицијата советник: достоинствено застапување на интересите на граѓаните на град Охрид, подобрување на условите за живење во Охрид преку конструктивни иницијативи, предлози и идеи.
#Заокружи7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here