13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Јас верувам дека со Христо Кондовски Битола во следните четири години...

Филипче: Јас верувам дека со Христо Кондовски Битола во следните четири години ќе доживее инфраструктурен бум

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас верувам дека со Христо Кондовски овој град во следните четири години ќе доживее инфраструктурен бум. Јас силно верувам дека и Христо и неговиот тим имаат и знаење и искуство да го насочат буџетот на градот кон развој на инфраструктурата. Свесен сум дека тоа е најголемиот проблем, а силно верувам дека Христо и неговиот тим тоа може да го реализираат. Понатаму, со добро менаџирање и развој, но истовремено и со силна поддршка од централната власт, во Битола ќе се отворат и многу нови работни места, и компаниите ќе имаат силна поддршка и од општината. На Битола и треба економски развој, ова е втората област во која исто така ќе се инвестира. Сигурен сум дека она што во следните четири години ќе биде направено, нема да се спореди со ништо што е направено досега, без разлика дали е тоа подобрување на комуналната хигиена, или е во врска со загадувањето или урбанистичкото уредување.
Тоа драги битолчани го гарантира вашиот кандидат Христо Кондовски заради тоа што веќе докажал како се работи, како се менаџира, како се вложува, како се обезбедува плата за вработени и на крајот како се управува. На Битола ѝ е потребен добар менаџер кој ги знае проблемите на граѓаните и вие имате среќа што имате таков човек и добро знаете кој број да го заокружите на 17 октомври – бројот 12”.
Оваа порака вечерва од голем собир во Нова Битола ја упати потпретседателот на СДСМ и актуелен министер за здравство Венко Филипче.

<


Неговата верба, неговата поддршка искажана низ овие зборови уште повеќе ме обврзува и затоа сакам јавно да му се заблагодарам.
И уште еднаш пред битолчани вечерва кажав дека проектите што ги нудиме ги опфаќаат сите сфери од живеењето на граѓаните – инфраструктура, зеленило, раст и развој, обновливи извори на енергија, и даваат надеж на младите. Ќе го преуредиме централното градско јадро, кога ќе се влегува во Битола, ќе се знае дека се влегува во модерен и урбан град, индустриската зона ќе биде во склад со потребите на стопанството, Генералниот урбанистички план ќе биде современ и во склад со потребите на Битола. За секој квадратен метар бетон, ќе имаме квадратен метар зеленило. И не се срамиме тоа да го повторуваме дека 100 проценти ќе ја реализираме програмата, дека Битола ќе биде локален економски развоен центар, Битола со која ќе се гордее секој битолчанец после четири години.
Вечерва, заедно со министерот Филипче и носителот на советничката листа Александар Димовски, се сретнавме и со луѓето кои се на првите борбени линии во цело време на Ковид кризата – здравствените работници, на кои им оддавам посебно признание за сите напори во прилог на јавното здравје.
Сите заедно можеме многу за Битола и за битолчани!
#Најдоброто за Битола!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...