16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветМари ле Пен: Ако победам на изборите, ќе ги урнам ветерниците во...

Мари ле Пен: Ако победам на изборите, ќе ги урнам ветерниците во Франција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Француската кандидатка за претседател и членка на екстремната десница, Мари Ле Пен вети дека ќе ги укине сите субвенции за обновлива енергија и ќе ги урне турбините на ветар во Франција, доколку биде избрана за претседател следната година.

<

Ветерната и соларната енергија не се обновливи. Тие се наизменични. Ако бидам избрана а претседател, ќе ставам крај на целата изградба на нови фарми со ветерници и ќе започнам голем проект за нивно демонтирање, рече Ле Пен за радио РТЛ.

Таа додаде дека ќе ги укине субвенциите за енергија од ветар и сонце, кои, според неа, изнесуваат шест или седум милијарди евра годишно, што претставува тежок товар за сметките за електрична енергија на потрошувачите.

Ле Пен вети дека ќе обезбеди силна поддршка за француската нуклеарна индустрија, дозволувајќи изградба на неколку нови нуклеарни реактори, финансирање на голема модернизација на постојната француска флота и поддршка на изградба на мали модуларни реактори како што предложи претседателот Емануел Макрон, пренесува „Танјуг“.

Во „Стратегијата за француската економија 2030“ што беше презентирана оваа недела, Макрон предложи милијарди евра поддршка за електрични возила, за нуклеарна индустрија и за зелен водород – произведен од нуклеарна енергија, но малку спомена за обновливата енергија.

Франција произведува околу 75 проценти од својата енергија во нуклеарни централи, што значи дека нејзиното производство на електрична енергија е меѓу најниските емисии на јаглерод диоксид по глава на жител во која било од развиените економии. Сепак, заостанува далеку зад Германија и другите европски земји во однос на инвестициите во ветар и соларна енергија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...