11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаЗнамињата на пола копје: Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на...

Знамињата на пола копје: Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на алпинистите Зоран Мајсторски и Драган Станишков

spot_imgspot_img

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш.

Ти ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај Радовиш.
Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш.

Синоќа Јавното обвинителство соопшти дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Од Обвинителството додаваат дека е забрането работењето на тој дел од рудникот, и истиот е обезбеден од полициски службеници, а увидот продолжува и денеска со увид на местото на несреќата со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дебрца, упати јавна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дрбрца, Златко Силјаноски, упати јавна благодарност  до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Филипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се видел готов. (Видео)

МАРКУКУЛЕ - Тука вистината ви е на дланка. дома Вести ВестиМакедонија Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО) од страна на markukule-...

Градоначалникот Ногачески: Почитувани сограѓани – православни христијани, Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !

Почитувани сограѓани – православни христијани, Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа,...