20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаНoгачески ветува канализациона мрежа во: Требеништа, Лешани, Велмеј-Подобрување на водоснабдувањето за селата...

Нoгачески ветува канализациона мрежа во: Требеништа, Лешани, Велмеј-Подобрување на водоснабдувањето за селата Волино и Оровник како и за селата од Долна Дебрца

Како и во изминатите четири години мандат и во наредните акцентот го ставам на подигнување на квалитетот на живот на граѓаните на Дебрца и токму затоа првенствено ќе инвестираме во капитални проекти, вели независниот кандидат за Градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески.

Би можел да потенцирам неколку проекти како на пример во делот на канализацијата планираме изградба на канализациона мрежа во село Требеништа, во село Лешани за кое е веќе аплицирано со проект и одобрени се средства како и канализациона мрежа за село Велмеј. Подобрување на водоснабдувањето за селата Волино и Оровник како и за селата од Долна Дебрца, Лешани и Белчишта, со зафаќање на извориштето во месноста Кременатец – вели Ногачески.

Во делот на основното образование Ногачески најави завршување на процесот на изградба на централно греење во сите основни училишта и енергетски ефикасна фасада на училиштето во Требеништа. Дебрца е една од ретките општини во регионот која обезбедува бесплатен оброк за учениците и тој проект ќе продолжи и во иднина. Во делот на спортот ќе инвестираме и во наредниот период, првенствено реконструкција на соблекувалните и игралиштето во село Мешеишта и изградба на спортски полигон во село Злести, посочи Ногачески.

Во наредниот период Општина Дебрца ќе добие три репрезентативни објекти од кои некои се започнати. Тоа е Археолошкиот музеј вос. Требеништа каде првата фаза е веќе завршена, а веднаш по изборите, во втората фаза треба да започне реконструкцијата на задружниот дом, понатаму Музејот на Белчишко блато и планинарскиот дом во с. Брежани – кажа Ногачески.

Дебрца има извонредна природа и предуслови за развој на руралниот туризам поради што посветуваме посебно внимание во нашите развојни стратегии. Ногачески напоменува дека во крајна фаза е изработка на документација за прогласување на Белчишкото блато за Парк на природата и да се обезбеди негова заштита и одржливо користење како туристичка дестинација.

Успешноста на еден Градоначалник и општинската администрација многу зависи и од тоа колку ќе се искористат европските претпристапни фондови кои ни стојат на располагање. Ние како општина во изминатиот период успеавме голем дел од проектите да ги реализирами со европски пари. Затоа сакам да го отфрлам она мислење дека локалната власт секогаш требало да биде истоветна со централната поради добивање средства. Но тоа не е тоа така – посочи Ногачески.

Добар дел од проектите кои веќе се реализирани се финансирани преку програмата за прекугранична соработка со Албанија и со Грција и грант од УНДП, потсетува Ногачески. Општина Дебрца во дел припаѓа на заштитениот регион како светско природно и културно наследство од УНЕСКО и понатаму остануваме посветени на спроведување на препораките на Комитетот за светско наследство и се што е предвидено со Планот за управување со Охридски регион, порача Ногачески.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...