31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај сите проблеми со фингер-принт уредите, се спречи можната манипулација на...

И покрај сите проблеми со фингер-принт уредите, се спречи можната манипулација на власта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неуспешни обиди да се отчита отпечаток од прст, лош квалитет на базата на податоци од МВР, лошо ракување со фингерпринт апаратите – овие проблеми го одбележаа релативно мирниот изборен ден, а поради метежот во избирачките места, во некои општини гласањето беше продолжено и по 19 часот. И покрај сите проблеми, генералната оценка на јавноста е дека апаратите спречија власта да манипулира со волјата на граѓаните. Во некои избирачки места, прекин на процесот имаше и повеќе од два часа, и согласно изборниот законик, таму времето на гласање мораше да се продолжи. Државната изборна комисија пак повикуваше на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.

<

Многу граѓани низ земјава, за гласање чекаа и по повеќе од половина час, се создаваше метеж во дворовите но и внатре во избирачките места, а Државната изборна комисија дури и писмено реагираше до сите избирачки одбори да примаат онолку граѓани колку што има кутии на избирчкото место. Причините за прекините на гласањето и метежот во дел од општините главно се однесуваа на проблемот со фингер-принт апаратите, ковид протоколите но и обемниот избирачки материјал поради рекордниот број советнички листи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...