8.4 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПотресна приказна: за Стојан храната е луксуз, а лековите неопходност

Потресна приказна: за Стојан храната е луксуз, а лековите неопходност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тешкиот живот во младоста, оставаат траги врз лицето на 62 годишниот Стојан Пешевски. Тој по потекло е од с. Побожје. Уште од мал чувал овци и говеда, за да обезбеди леб за фамилијата. На 27 години одлучува да стави крај на ергенскиот живот и се жени во Крњево со Соња, со која добива еден син. За жал болеста на Соња ги разделува пред 15 години, па тој на 47 години останува вдовец со социјална помош од 8000 денари.

<


Пред четири години му се вкрстува патот со Славјанка, која исто така е вдовица. Сожалувајќи се врз нејзината тешка ситуација, одлучува да и биде потпора и поддршка, па тој делејќи сè што има, одлучува да остане со неа до крајот на животот.

Стојан бил домазет, па поради тоа, бабата не дозволувала да живее со Славјанка во нејзиниот дом. Единствено решение било тој да замине под кирија во една стара куќа, која секој момент може да се сруши. Тоа и се случило. Посебно траорно било кога врнело, па дел по дел куќата се распаѓала. Поради стравот додека биле внатре, тие не можеле ниту да спијат. Па најчесто деновите и ноќите ги минувале на столче за да можат веднаш да истрчаат надвор доколку се случи нешто лошо.

И Стојан и Славјанка се луѓе во години. Токму тешкиот живот ќе им накалеми многу болести за кои денес немаат средства да купат лекови. Живеат само со 8000 денари, од кои 6000 плаќаат кирија. Со остатокот и самите се мислат дали да купат храна, дали да купат лекови или пак дрва за греење. Но, најверојатно и оваа зима ќе ја поминат под јорган, а, замлачување на воздухот, понекогаш ќе направат со штиците што Стојан ги собрал ова лето.

Храната за ова семејство е луксуз. Тие не се хранат здраво. Често се принудени да бараат заем за да купат леб и некоја паштета, а, многу пати знаат и да побараат топол оброк во некоја народна кујна, за да не заборават како изгледа вкусот на домашно приготвена храна.

Во седмата деценија од животот секој заслужува мирен и спокоен живот. Токму затоа е предодредено во тој период и да заврши работниот век. Но, да живее безгрижен живот, во кој не би се секирал дали ќе има храна на трпезата или лекови за да спречи прогресирање на болеста. Тоа е период во кој човек треба да ужива најмногу.

Стојан не ужива. Стојан се мачи. Стојан преживува. Стојан ги брои деновите до следниот 1-ви, само да може одново да земе социјална помош и да купи храна за ден или два. Можеби тоа се најсреќните два дена во животот на овој човек.

Затоа тој се обрати во емисијата Срце на дланка и посака пред да го напушти овој свет, да може да заспие и да се разбуди во свое. Макар тоа било и една мала соба. Само да е негова.

Секој што сака да помогне на Стојан, тоа може да го стори на оваа сметка:

Стојан Пешевски

210501595335963

Телефон: 076/531562

Автор

Оливера Петрушевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната...