19.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаЗабаваЗапочна со снимање шестата сезона од веќе култната тв серија „Преспав“

Започна со снимање шестата сезона од веќе култната тв серија „Преспав“

Започна снимањето на новата сезона на ТВ серијата Преспав, која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век, најголем успех исобра „армија од фанови“.

Шестата сезона од популарната серија ќе има нови 20 епизоди реализирани во копродукција на ОХО и МРТВ, од каде најавуваат бројни изненадувања и многу хумор.

Последната епизода од петтата сезона заврши со пожар во пансионот, по што фановите беа разочарани мислејќи дека тоа е „крај на Преспав“. Но од продукцијата велат дека серијалот е во зенитот, а авторскиот тим е подготвен повторно да ја насмее публиката, инспириран од турбулентната општествена реалност што се пресликува во случките во пансионот.

Минатата година, во лавиринтите на пандемијата, совладувајќи голем предизвик, успешно ја снимивме петтата сезона, што ни даде особена мотивација да продолжиме понатаму. Со тој ветер во грбот, оваа сезона ќе ја реализираме по најдобри сценарија досега, потпирајќи се на интернационалниот сценаристички тим, како и на секој поединец вклучен во продукцијата на Преспав.“– вели продуцентот, Пеце Талески.

Преспав како ТВ продукт се развива во комуникациска платформа и достоен продукциски бренд за претставување на земјата во регионот. Откако обезбеди емитување на бугарската телевизија БТВ, каде бележи огромен успех и гледаност, епизоди од серијата беа прикажани и во Србија во рамки на неколку фестивали за ТВ продукција, што го отвора патот за емитување и на српските телевизиски канали.

Сите новости поврзани со Преспав следете ги на каналите на социјалните мрежи и очекувајте телевизискапремиера кон средината на декември.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови, a за успешност на изборите треба да излезат 725.727 гласачи

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден...

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето...

МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот...