16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаБогата колекција на награди и достигнувања - успешната приказна на Ева Богоевска

Богата колекција на награди и достигнувања – успешната приказна на Ева Богоевска

spot_imgspot_img

Ева Богоевска е виолинистка, има само 21 година, дипломира со сите десетки на факултет и зад себе има прескокнати години во основно и средно училиште. За ова достигнување, кое е реткост, Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ја прогласи за студент на својата генерација и студентка со највисок просек, чиста десетка. Најдобра од сите студенти од државните факултети. Дипломирала со 70 испити, сите со десетки, притоа сите испити ги положила од првпат и во рок. За неспорниот талент со неверојатен успех е наградена е од УКИМ за најдобар студент со највисок просек од 10.00 за 2019/2020 година. Ева и Анна Кондратенко ќе бидат солисти на концертот „Контемплација со Перт и Шнитке” кој е на програмата в четврток во 20 часот.

Дипломирала виолина на Факултетот за музичка уметност и сега покрај професионалниот ангажман во Македонската филхармонија, на само 21 година успеала да запише и магистерски студии во Швајцарија, кај врвниот виолинист и педагог Сергеј Островски на Женевскиот Универзитет, каде успеала да влезе и да добие место и покрај стотиците други виолинисти од целиот свет. Станува збор за успех на кој не треба да горд само студентот, туку треба да се гордее целата заедница.

Ева има богата колекција на награди и достигнувања. Таа е единствената Македонка добитничка на Гран при награда на престижниот фестивал „Сан Ремо јуниор“ во Италија.Русија исто така и се поклонила на Ева уште на меѓународниот натпревар „Сребрен Камертон“ во Санкт Петербург, но и од Ерусалим си дошла со Гран при награда на интернационалниот натпревар за класична уметност и култура. Америка уште воздивнува по Ева откако ја добила првата награда на реномираниот натпревар за класична музика „Рондо“ во Њујорк, каде настапила во познатата сала „Карнеги хол“.

Спред Ева, нејзиниот рецепт за успех е многу едноставен.

– Всушност рецептот е на мајка ми, а мене само многу ми се допадна. Ме научи уште од многу мала на дисциплина, а мене тоа ми се допадна, но потребна е и љубов за тоа што се прави. Убедена сум дека да бев свесна за сите мои успеси и достигнувања, јас немаше да бидеме тука. Воопшто не размислувам што сум направила, тукушто сакам да направам уште. Лесно влегов во светот на возрасните, па така уште на 16 веќе бев бруцош на факултет. Другото е една убава приказна. Дисциплината си носи откажувања од пријателства, безгрижни прошетки и време за кафе, но исто така многу добро ја гради самодовербата кај млад човек. Пред настапите мојата трема беше само знак дека сум на скалата погоре, а часовите вежбање виолина, во кои признавам уживам многу, ме донесоа до награди, десетки, вработувања и среќа. Се разбира јас не сум сама, имам пријатели, имам и момче, но не прескокнувам барем 4 часа насамо јас и виолината, имаме многу за раскажување, и тоа секој ден, вели Богоевска.

Таа вели дека речиси сите во нејзиното семејство биле врзани со архитектура, но таа и нејзината мајка која е професор по пијано, решиле на семејството да му дадат малку боја.

Дома кај Богоевски, сега, покрај пијаното на кое музицира мајка и, виолината на Ева, а последните неколку години и виолончелото на помалата сестра Ада, се создаваат некои нови етиди.

– Не можам да одолеам на звукот од виолината, тоа ме привлекува. Морам да признаам дека виолината е попрактична од клавирот, па можам да ја носам секаде со мене, да вежбам на различни места.

Средно музичко училиште завршив за три години бидејќи како посебно надарена и со континуирано одличен успех, по препорака на професорите, трета и четврта година ги зедов во една. Омилен предмет, ми беше оркестар, прекрасно чувството е кога повеќе музичари создаваат музика на сцена. А голема страст за која не најдов разбирање од домашните ми е стрелањето со пиштол. Ете ако ништо друго сега барем со свирењето виолина ја погодувам целта, се шегува Ева.

Но, секако не се шега, мастер-студиите на Женевскиот универзитет за музика – HEM (Haute Ecole de Musique). Главната цел на Ева била да влезе во класата на Сергеј Островски.

– На првата аудиција пратив снимки со програма која ја вежбав специјално за таа аудиција. Потоа имав онлајн-интервју на кое прашања ми поставуваа членовите на жири-комисијата од Женевскиот Универзитет. Втората аудиција беше во живо во Женева. Поради фактот дека требаше да се борам за место на оваа престижна институција, во светски рамки, имав трема. Изгледа ме забележа професорот Островски и ми даде совет кој никогаш нема да го заборавам.

– Ева на ред чекаат исто толку добри студенти како тебе, но ти си поразлична од сите по твојот настап и моќта која ја покажуваш на сцена, само покажи го тоа.

И така и се случи, ме примија. Сега покрај магистериумот работам во нашата филхармонија на работно место прва виолина. Свирењето во оркестар ми е огромно задоволство, тоа ми ги надополнува сите оние одрекувања од дружбите со другарите во училиште и дружбите кои сум ги пропуштила вежбајќи виолина. Навистина уживам во работата и се обидувам да го дадам мојот максимум. Живеам тука во Скопје, ама ќе комбинирам патувајќи повремено за Женева, усогласувајќи ги работните обврски и магистерските студии. Јас сум најсреќна кога сум на сцена, но дома. Не ја напуштам Македонија. Што ќе се случи ако сите како мене си отидат од тука?, се прашува Ева.

Извор: Приказна.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...