14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков: Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани

Пецаков: Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани

Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.

Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања.
Сите во Охрид недвосмислено ја даваат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и затоа победивме со голема разлика во првиот круг.
Победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат.
Заедно со народот сме одлучни за промени.
Промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа.
Проекти за подобро живеење на сите, борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери на општественото живеење.
Претстојат уште две недели, да немате воопшто двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа.
Да излеземе и да се избориме сите заедно!
Сега е времето наше, да застанеме цврсто, гордо и достоинствено!
Охрид и Македонија се на чекор до конечна победа.
Продолжуваме кон промени, проекти и победи.
Создаваме нова и светла иднина за Охрид и охриѓани, рече Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...