31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаКазни до 2.500 евра- Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за...

Казни до 2.500 евра- Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти во изминатите неколку дена дозволија преоден период за да објектите на затворено да се подготват за пунктови за брзи тестирања, галерии, кина и театри.

<

Сертификатот нема да биде потребен при посета на аптеки, мали продавници, банкарски канцеларии и државна администрација…
Казните според наредбата на бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, се до 2.500 евра и натамошно процесуирање до обвинителството.

Контролата, што се состои од зголемени екипи на регионалните здравствени инспекторати, заедно со полициски службеници и Агенцијата за храна, ќе ги обиколуваат локациите, но веќе нема само да пишуваат предупредувања, туку и ќе санкционираат во отсуство на документ.

Сите инспектори веќе ја имаат на своите телефони апликацијата „Информативни услуги“, развиена од „Covid Check BG“, која го чита QR-кодот на сертификатите за комплексна вакцина, за лицата кои прележале Ковид-19, како и за извршени тестови.

Посебно, претпријатијата и затворените објекти за кои се однесува условот за зелен сертификат, исто така, мора да се организираат за негова верификација. Луѓето од персоналот ќе мора да вршат примарна контрола со своите телефони и да не дозволуваат клиенти без сертификат. Останува прашањето како цивилите ќе можат да бараат лични карти од персоналот за да потврдат дека сертификатот навистина му е издаден на проверениот клиент.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...