17.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаЗабаваДодека патувале за Германија, направил пауза за цигаре, сопругата го заборавила, па...

Додека патувале за Германија, направил пауза за цигаре, сопругата го заборавила, па тргнал пеш!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пауза за цигара на автопат, се покажа како неочекувана авантура за еден маж од Албанија кој патувал со сопругата во Германија.

<

За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара. Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се оддалечила без него, пишува порталот Феникс-магазин.де.

Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А-7 во граничниот тунел Фусен. Се работело за мажот кој очајнички си ја барал сопругата.

Тој подоцна ѝ рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж.

Човекот бил преземен од патрола. Неговата сопруга потоа била контактирана по телефон за да го земе сопругот.

Двојката потоа го продолжила заедничкото патување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...