16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ако го загубиме Скопје, јас и да поднесам оставка, повторно СДСМ...

Заев: Ако го загубиме Скопје, јас и да поднесам оставка, повторно СДСМ ќе ја предводи владата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ Сител повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов, ја загуби битката против опозициската кандидатка Данела Арсовска, тој „не може да ја води Владата“, затоа што, според него, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на политиките на централно ниво.
Но, Заев појасни дека тоа автоматски не значи дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

<

На прашањето дали ова значи дека тој ќе поднесе оставка, а некој друг од СДСМ ќе ја преземе премиерската функција, Заев одговори:

„Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува Влада предводена од СДСМ“.

Тој ги повтори и пораките дека значаен дел од населението им покажало „жолт картон“ и дека пораката е сфатена.

„Не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ. Слободоумните граѓани велат дека ќе излезат да гласаат во вториот круг,“ изјави Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...