25.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонија2 жени и 79 мажи ќе управуваат со локалната власт во Северна...

2 жени и 79 мажи ќе управуваат со локалната власт во Северна Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

40 пати повеќе мажи од жени ќе седат во градоначалничките фотелји, откако синоќа, по вториот круг на локалните избори, се дефинираше конечниот изглед на новата локална власт во Македонија.

<

Градот Скопје и Старо Нагоричане се единствените општини кои во следните четири години ќе ги раководат градоначалнички. Процентуално, жени ќе раководат со 2,5% од вкупно 81 македонски општини.

Ова е најлоша родова распределба на градоначалничките мандати од локалните избори во 2009 година, кога не беше избрана ниту една жена на оваа функција. Во 2013 година беа избрани 4 жени градоначалнички, додека во 2017 година избрани беа 6 градоначалнички.

Град Скопје за првпат доби градоначалничка, откако независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, победи со скоро 55% од гласовите. Вчера победи и Жаклина Јовановска, старо-новата градоначалничка на Старо Нагоричане со 56% освоени гласови.

Овој низок процент на жени градоначалнички беше очекуван, со оглед на тоа што од вкупно 299 кандидати за градоначалник на овие избори само 25 беа жени.

По вчерашниот втор круг од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број градоначалнички места, вкупно 42. СДСМ има градоначалници во 16 општини, а ДУИ во 10. Во 3 општини победија независни кандидати, по две општини освоија кандидатите на БЕСА и Алијансата за Албанците и Алтернатива, а по една општина добија кандидатите на ГРОМ, ДПА и Коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ.

Уште е непознато дали и кога во Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе се одржи втор круг на локалните избори, откако во првиот круг не беше постигната потребната излезност, додека во Дебар ќе се одржи уште едно гласање на 14 ноември бидејќи и по повтореното гласање ниту еден од кандидатите не го обезбедиле потребниот процент од вкупниот број од излезените граѓани на гласање. Овие општини сепак нема да ја сменат родовата слика на градоначалничките функции бидејќи во трка ќе бидат по двајца мажи.

Д.Е. Радио Моф

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...