18.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаУметници од Струга нудат награда за најмногу собрани отпушоци од јавните површини

Уметници од Струга нудат награда за најмногу собрани отпушоци од јавните површини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секој месец во наредната година преку нова награда за животна средина ќе се избираат двајца победници кои собрале најмногу догорчиња од цигари на јавните површини. Победниците ќе имаат можност да добијат бесплатен монохроматски портрет од која било личност по нивен избор.

<

Ова го најави меѓународната уметница Лида Шерафатманд која живее во Струга, заедно со струшкиот уметник Милко Нестороски.

Преку нејзиниот Фејсбук профил, Шерафатманд појасни дека за учество во наградата игра, заинтересираните граѓани треба да собираат догорчиња од цигари од јавните површини во пластично шише. Потоа, пред 26-тиот ден од месецот треба да ги однесат во ателјето на Флоресенцизмот, кое се наоѓа на вториот кат на градскито пазар во Струга.

„Пред да дојдете во ателјето известете ги уметниците со јавување на телефонскиот број 078/249 250 или со испраќање на електронска пошта на: [email protected], или Кандилка / Atelier of Florescencism“, се додава во нејзината објава.

Уметниците Лида и Милко веруваат дека културата, животната средина и економијата треба да работат рамо до рамо, заедно, со цел благосостојбата на луѓето и средината во која живеат секогаш да бидат приоритет. Нивното ателје ‘Кандилка’, ателје на Флоресенцизам го носи името на едно од типичните цвеќиња за Струга кое личи на споени лебеди и го отсликува присуството на лебедите, езерото и реката во Струга. Поимот ‘флоресенцизам’ е нивниот уметнички концепт кој преку посебна грижа ги спојува општественото и природното“, вели Шерафатманд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...