19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаЗабаваДа го доправиме автопатот Кичево Охрид, и Заев ќе поднесе оставка, вeлат...

Да го доправиме автопатот Кичево Охрид, и Заев ќе поднесе оставка, вeлат од СДС.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Текстот е сатира:

<

По неколку дена неизвесност, која на моменти за малку не премина во тотален хаос, прес службата на Владата по неколку дена молк, конечно објасни зошто оставката што си ја поднесе премиерот сѐ уште не стигнала до Собранието.

– Знаете како, откако премиерот ја поднесе оставката со моторот замина во Охрид да се опушти на неколку дена. Моторот му е офф роуд, па на одење патувал по автопатот и не ни забележал дека не е готов. Затоа, кога го замоливме да ја испрати оставката до Собранието во пишана форма, тој ја пуштил по истиот пат при што курирот со Пежото заглавил уште кај Велмеј. Ама не е страшно, кај и да е ќе го завршат автопатот и оставката ќе стигне таму каде што треба. – изјави портпаролот на Владата.

Како што дознаваме, курирот е во добра здравствена состојба и уште на првиот ден од заглавувањето му била испратена храна и помош за да ја преживее зимата преку двајцата работници кои работат на завршување на автопатот.
Извор:Коперација

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...