13.6 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаОткако Шкодране ни се закана со војна, Стојанче и одговори... Кратко и...

Откако Шкодране ни се закана со војна, Стојанче и одговори… Кратко и јасно !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Апелирам до вас г-ѓо Шкодране, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства, вели во реакцијата на Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство, во реакцијата на пишувањето на Шкодране Дардишта од ДУИ..

<

Реакцијата на Ангелов ја пренесуваме во целост:

„Со години наназад внимателно работам и придонесувам во процесот на помирување и одеднаш со силна дразба се појавува директорката на Клиничкиот центар во Скопје, актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком и активистка на ДУИ, Шкодране Дардишта, чија што заканувачка изјава на нејзиниот фејсбук-профил едноставно ме тера да и одговорам во нејзин стил, уверен дека ваквата популистичка, заканувачка и распалувачка реторика веќе не минува кај мнозинството македонски граѓани.

Г-ѓо Шкодране Дардишта, вие можеби сѐ уште ги имате вашите стари чизми на таванот во старата куќа но ние, во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаме нови гојзерици. Верувам дека некои од вас се’ уште ги кријат и своите стари пушки но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш. Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО.

Понатаму, зборувате дека вие не сте сираци и сте никнале после војна но не заборавајте дека нашите храбри предци, комитите и партизаните, низ многу крв, страдање и смрт, на парче македонска земја, успеале да создадат наша, македонска држава, држава која ние, македонските бранители, во 2001-та успеавме да ја одбраниме од вас, за денес да биде наша заедничка татковина, татковина на сите луѓе кои живеат во неа. Македонија а не Илирида како што пишувате вие.

Вашиот текст го завршувате заканувајќи се: ‘Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорете во него’. Јас би ви препорачал да го намалите вашето ‘патриотско’ доживување бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не ви се допаѓа вам, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија. Или, можеби тие се помалку Албанци од вас?

Г-ѓа Шкодране, на нашата заедничка татковина, Македонија, ѝ треба стабилност, безбедност и мир, членство во ЕУ, демократија и економски напредок. За жал изјави како вашите не нѐ водат во тој правец. Затоа сосем за крај, апелирам до вас, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...