18.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаНа земјава ѝ фалат 340 пожарникари, а возилата што ги користат во...

На земјава ѝ фалат 340 пожарникари, а возилата што ги користат во просек се стари по 27 години – најстарото има 57 години и е во Валандово

spot_imgspot_img

Слична е состојбата и кај амбулантните возила кои во државата се вкупно 263 на број и во просек се стари по 12 години. Од новонабавените возила само 30 се нови, додека другите се половни, односно купени „на старо“, се наведува во истражувањето на ЦГК
Најстари противпожарни возила, со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане, а следна, според истражувањето, е единицата во Кратово чии возила се со просечна старост од 38 години. Само две години „помлади“, земено во просек, се возилата на валандовската противпожарна единица. Најнов возен парк, пак, имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години
Иако од круцијално значење за животот и имотот на граѓаните, земјава не може да се пофали со нови и современи противпожарни и амбулантни возила, а кубури и со оптимален број на вработени, конкретно во секторот за противпожарна заштита.

Според податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, кои невладината ги објави денеска, во земјава има недостиг од 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се со просечна старост од 27 години.

Слична е состојбата и кај амбулатните возила кои во државата се вкупно 263 на број и во просек се стари по 12 години. Од новонабавените возила само 30 се нови, додека другите се половни, односно купени „на старо“, се наведува во истражувањето на ЦГК.

Во земјава има вкупно 34 противпожарни единици кои располагаат со 284 возила. Во оваа бројка спаѓаат возилата со опрема за гаснење пожар, цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и нивната опрема.

„Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 отсто од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години“,

наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Старо Нагоричане, Кратово и Валандово со најстари противпожарни возила
Најстари возила, со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане, а следна според истражувањето е единицата во Кратово чии возила се со просечна старост од 38 години. Само две години „помлади“, земено во просек, се возилата на валандовската противпожарна единица.

Воедно пожарникарите во Валандово го имаат и најстарото противпожарно возило, кое има полни 57 години. Станува збор за возило марка „там“ во 1966 година. По него следуваат четири возила, кои се произведени една година подоцна (1967). Две, марка „мерцедес“ користат противпожарните единици на Македонска Каменица и Битола, а по еден „там“ и „фап“ се во Крива Паланка и Демир Хисар.

Најнов возен парк, пак имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години.

„Од марките возила најзастапени се камионите ‘фап’, од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 возила ‘лада нива’, просечно стари 23 години“,

покажува истражувањето.
Најголем недостиг на пожарникари има во Скопје
Иако последниот попис на населението покажа значително помалку жители, со што се намали и законски потребниот број на пожарникари по жител, во земјава сè уште има недостиг од 340 пожарникари.

Помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари, според ЦГК, има во 16 од вкупно 34 противпожарни единици во земјава.

„Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде што има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот. Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари. Спротивно, најдобро стои Ресен со дури 6 пожарникари над законски определениот број и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево“,

се наведува во истражувањето на невладината.

Извор: Истражување на Центар за граѓански комуникации
Без оглед на овој законски минимум, велат од ЦГК, ако се зема предвид еден од најчесто користените критериуми, односно бројот на пожарникари на 1 500 жители, тогаш најдобро стојат двете новоформирани противпожарни единици, Ранковце и Старо Нагоричане кои имаат по 3,9 пожарникари на 1 500 жители. Меѓу подобрите единици во оваа смисла, со по 2 пожарникари на 1 500 жители, се Македонска Каменица, Демир Хисар, Ресен, Крушево и Делчево.

Спротивно, најмалку пожарникари на 1 500 жители има Скопје, со половина пожарникар на 1 500 жители. Помалку од еден пожарникар на 1 500 жители имаат и Куманово – 0,6, Битола – 0,7, Тетово, Прилеп, Струмица и Велес по 0,8 и Дебар со 0,9 пожарникари на 1 500 жители.

Извор: Истражување на Центар за граѓански комуникации
Според Законот за пожарникарство и измените на овој закон што важат од 1 јануари 2020 година, минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува:

во општините до 10 000 жители – девет професионални пожарникари,
во општините од 10 000 до 15 000 жители – 13 професионални пожарникари,
во општините од 15 000 до 24 000 жители – 17 професионални пожарникари и
во општините со над 24 000 жители – еден професионален пожарникар на 1 500 жители.
Просечната старост на амбулантните возила е 12 години
Слична е состојбата и со амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според базата на податоци, во земјава има вкупно 263 вакви возила, а санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.

Најстарото возило, марка „мерцедес“ произведено во 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево, додека најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово.

Извор: Центар за граѓански комуникации
Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.

Над 70 отсто од амбулантните возила се отстапени на користење или се донација
„Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства“,

велат од ЦГК.
Според истражувањето, Министерството за здравство најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.

Извор: Истражување на Центар за граѓански комуникации
Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, а од нив 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила.

„Споредбата со истото вакво истражување, направено пред четири години, покажува неколку разлики. Прво, за разлика од пред четири години кога само 47 здравствени установи пријавија дека имаат амбулантни возила, сега бројот на институции со вакви возила изнесува 58, што значи 11 дополнителни институции. Соодветно на тоа, има пораст и кај бројот на амбулантни и санитетски возила. Ако во 2019 година овој број изнесувал 183 возила, сега бројката е 263, односно плус 80 возила. Постои разлика и во староста на овие возила. Пред четири години нивната просечна старост изнесувала 11 години, сега тие се за една година постари, односно просечно се стари 12 години. Сепак, од новостекнатите 80 возила, само 30 се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила,

се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...