4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридското село кое спие на злато: Повеќе од 400 вредни артефакти сокрениени...

Охридското село кое спие на злато: Повеќе од 400 вредни артефакти сокрениени пред повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во гробницата во Требеништа-Охридско..

spot_img

100 години Требениште“- најголема археолошка изложба некогаш одржана во Македонија.
Од март до крајот на август 2019 година изложбата се наоѓа во Археолошкиот музеј во Скопје и содржи околу 400 вредни артефакти откриени во некрополата Требениште кај Охрид.

<

 


Изложбата „100 години Требениште“ беше долго подготвувана и организирана во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и Музеј во Софија, каде што ќе гостува во наредните две години како заеднички проект на три држави. Интерес има и во Париз, Берлин, Загреб и Виена…
Посетителите, кои ги имало над 10.000, најмногу ги привлекле и се интересирале токму за четирите златни маски т.е. одразите на ликови од непознати владетели втиснати во златна фолија. Се работи за великодостојници кои во 6 и 5 век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро. Но, исто така, посетителите се восхитени и од изложениот накит од злато, сребро и килибар, ексклузивните садови изработени од сребро и стакло, керамика итн.


Сето тоа било скриено повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во гробницата во Требениште до случајното откривање на 20 мај 1918 година кога бугарски војници го поправале патот меѓу Охрид и Кичево, веројатно за воени потреби. Во градежните зафати тие користеле камења од околните ниви.
Златната маска претставена на нашата банкнота од 500 денари е откриена во 1932 година при втората кампања на истражувањата на требенишката некропола од српски археолози. Таа е најдена во гроб на женски покојник и засега е единствената златна маска откриена на овој локалитет која ѝ припаѓа на благородничка, за разлика од останатите три златни посмртни маски кои им припаѓаат на требенишките владетели.
Оваа и уште една златна маска од четирите претставени на изложбата се чуваат во Народниот музеј во Белград, а другите две златни маски денес се дел од збирката на Националниот археолошки институт и Музеј во Софија. Сите четири маски потекнуваат од 6-тиот и почетокот на 5 век п.н.е.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...