15.9 C
Ohrid
петок, декември 1, 2023
ПочетнаМакедонијаПосле месец дена погребан македонскиот пејач Васил Атанасов-Семејството успеа да пронајде пари...

После месец дена погребан македонскиот пејач Васил Атанасов-Семејството успеа да пронајде пари !!

Фолк-пејачот Васил Атанасов кој почина пред еден месец, конечно е погребан во Германија. Неговата сестра Лидија објави на неговиот профил дека го погребале на 4 ноември на новите гробишта во Лудвигсбург, каде што Васил живеел 30 години.
„Им благодариме на македонската православна црква во Штутгард, св. Кирил и Методиј и на македонската музичка естрада кои го организираа погребот и со православен македонски поп од Минхен го погребавме брат ми. Тој многупати им свиреше на родендени и прослави“, рече Лидијa….

За потсетување, семејството на Васил не можеше да го погребаат фолк-пејачот повеќе од 20 дена поради финансиски проблеми. Во Германија им бараа 5500 евра, додека од погребалното претпријатие во Македонија тие не добија никаков одговор.
Пејачот, кој долги години живееше во Германија, пред една година се разболел поради семејни проблеми, а од стрес завршил во болница, каде што бил и опериран. Набргу потоа се шлогирал и останал неподвижен.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На здравје бричење: Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, и треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Мухамед Зеќири доби две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, за склучување...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во...

Спасовски :Добиени се податоци од електронските уреди на Вања и од семејството, пребарано е и речното корито на реката Вардар!!!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава информираше дека се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна...

Американец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната...