20.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаЛуѓето во Австралија воодушевени од вкусот на Македонскиот сладолед.

Луѓето во Австралија воодушевени од вкусот на Македонскиот сладолед.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот производител на сладолед Cermat продолжува со успешниот извоз низ светот. Најновиот пазар каде што годинава ќе се извезат над 145 000 литри сладолед е Австралија. Компанијата Cermat има склучено ексклузивен договор со еден од најстарите и најголеми синџири маркети во Австралија,„Колс“, кој е формиран во далечната 1914 година и во моментов има над 800 маркети со 100 000 вработени на територијата на Австралија.

<

Ова е прва година врвниот сладолед на Cermat да се најде во нивните фрижидери. Приказната на сладоледот започнува со производство во современата фабрика на Cermat во Битола, каде што се подготвуваат првичните примероци во строго контролирани процеси со висококвалитетни суровини. По сите неопходни ревизии и контроли на квалитетот, сладоледот се пакува во специјалните пакувања наменети за австралиски пазар и е подготвен да го започне патувањето до својата крајна дестинација. Сладоледот патува 8 седмици со специјален транспорт што овозможува одржување и увид во моменталната температура во контејнерите, како и нивната точна локација. Сладоледот потоа пристигнува во централниот магацин на „Колс“ во Австралија, по што се дистрибуира низ маркетите. Сладоледот се продава во едно пакување од 5 сладоледи на стапче по атрактивна цена од 5 австралиски долари.
Луѓето во Австралија се воодушевени од вкусот на сладоледот „Mini Vienna“ произведен од Cermat. Како што може да се забележи на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, корисниците објавуваат фотографии од сладоледот со објаснување дека ги потсетува на десерт што го консумирале таму во 80-тите години. „Детството на стапче“, „Ванилесто уживање“ се само дел од коментарите што се објавени за македонскиот сладолед.

Од производителот Cermat изјавуваат дека сладоледот „Mini Vienna“ со вкус на ванила е најпопуларен во Австралија, иако тој е достапен и со вкусовите „mint“ и „salt caramel“. Тие истакнуваат дека секаде низ светот каде што извезуваат сладолед, вкусовите на луѓето варираат, но особено се горди што успеале да го погодат вкусот на луѓето во една толку голема земја. Од Cermat велат дека вкусот на луѓето во Австралија е најмногу сличен со вкусот на луѓето во Велика Британија.

Иако сезоната за сладолед во Македонија е завршена, кога ги гледаме фотографиите од „Mini Vienna“, веднаш посакуваме и ние овде да го дегустираме. Доколку овој или некој сличен сладолед се најде во локалната понуда на Cermat, со сигурност ќе го пробаме за да го почувствуваме вкусот што ги воодушеви Австралијците.

Извозот на сладоледите од Cermat сега се врши во над 25 земји ширум светот. Ние сме горди на нашите Cermat затоа што произведуваат сладолед со квалитет што е препознаен од целиот свет.

ПР објава пишува: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...