19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаUncategorized @mkССМ бара итно да се донесе Законот за недела неработен ден -...

ССМ бара итно да се донесе Законот за недела неработен ден – Власта само оправдувања

Итно да се донесе Законот за недела неработен ден и да се покачи минималната плата – Сојузот на синдикати на Македонија се закани со генерален штрајк доколку не се унапредат работниичките права. Празни ветувања од власта и оправдувања дека Собранието е блокирано или нема кворум поради отсуство на дел од пратениците – е реалноста месеци подоцна, наместо, од 1 октомври, како што ветуваа, секој што ќе работи во недела да добива екстра дневница, а оние што ќе го прекршат законот да добијат ригорозни казни.

Од Сојузот на синдикати бараат да се донесе и нов Закон за работни односи со кој ќе се регулираат договорите на работниците, прекувремената работа, регресот за годишен одмор. Велат дека ќе ги бараат своите права на улица, а најмногу што можат да им дадат рок на властите е еден месец.

Во јуни, премиерот Заев се пофали дека Владата го усвои нацрт законот за недела неработен ден. Веднаш после тоа, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, одржа средба со претседателот на ССМ Димовски и уверуваше дека законот ќе биде донесен до октомври. Потоа, на ред дојдоа собраниските процедури, но постојано се појавуваа проблеми.Дека уште во јули, парламентот не работеше со полна пареа, покажуваше и состојбата со интерпелациите на Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски кои висеа поради отсуство на претседателот на Собранието но и немање кворум поради отсуство на пратениците. Ниту тогаш не можеше предлог законот да биде ставен на дневен ред. Во август пратениците заминаа на колективен одмор, а кон средината на септември Собранието се распушти поради локалните избори. Сега, власта се правда со актуелната состојба и неизвесноста поради што на Парламентот му претсои гласање недоверба на премиерот Зоран Заев кој најави дека ќе поднесе оставка но не ја достави до надлежните органи. И додека вината за неисполнетите ветувања само се префрла од институција на институција, работниците не добија ниту покачување на минималната плата, ниту унапредување на работничките права.

Извор: Алфа

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...