18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЕдна година затвор за полицаецот од Битола, кој беше снимен како тепа...

Една година затвор за полицаецот од Битола, кој беше снимен како тепа Ром пред поштата во Битола.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицаецот од Битола, кој минатиот септември беше снимен и објавен на социјалните мрежи како тепа Ром пред Поштата во градот, е неправосилно осуден на една година казна затвор за сторено кривично дело малтретирање при вршење служба. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврди Невзат Јашаровски од Битола, врз кого беше употребена физичка сила од полицаецот откако неговиот син со автомобил удри во бандера на улицата Рузвелтова.

<

„Не очекувам дека ќе биде ваква пресудата во моја полза. Многу сум благодарен. Полицаецот е осуден на една година затвор и сметам дека ова ќе биде поука за сите вакви немили настани да не се повторуваат. И сега кога ќе се сетам на тој настан се вознемирувам. Колата ја купив и рековме со синот и пријателите да ја испобаме, отидовме во кафана и кога се враќавме в бандера удри мојот син. Само што излеговме надвор полицискиот службеник почна да мава на мене со тупаници, клоци, пендраци и морав да одам во болница“, вели Јашаровски.

И од Граѓанската асоцијација АВАЈА, која го обелодени настанот, соопштија дека Невзат ја доби правдата и дека полицаецот е прогласен за виновен.

Судската пресуда ја поздрави и здружението „Баирска светлина“ од Битола. Нивниот претседател Ремзи Медик, кој на семејствотои им помагаше за време на судкиот процес, рече дека пресудата е од големо значење бидејќи со тоа се докажува дека во државата започнува да се споведува правдата подеднако за сите.

МВР во септември 2020 година поднесе кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција против П. Г., полицаец во СВР Битола, за кривично дело малтретирање во вршење на служба, поради неоснована употреба на физичка сила против битолчанецот Ј. Н. На видеоматеријалот од настанот кој беше објавен на социјалните мрежи можеше да се види како полициски службеник претепува лице од ромска националност на улица Рузвелтова во Битола. Околу него има уште две други лица, кои биле заедно со лицето што беше истепано, како и двајца други полицајци.

По ова следуваа протести на Ромите жители од Битола на кои беше порачано дека не смее да се вози ако се пие алкохол, но и дека полицијата не смее да тепа туку треба да го спроведува законот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...