16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСе забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти, се...

Се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти, се враќаат сертификатите!?

На предлог на ресорното министерство, а по препорака на СЗО во постапка е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести каде што во случај на епидемија се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти. Ова законско решение е со европско знаменце и треба во Собранието да се изгласа по скратена постапка. Комисијата за европски прашања, вчера, ја одложи седницата на која требаше да се расправа по овие законски измени и ја закажа за утре – 14 декември. Ова не се однесува само за болест која беше и сè уште е актуелна, а тоа е ковид, туку се однесува и на сите евентуални идни епидемии на заразни болести

Министерството за здравство со новите законски решенија и со примена на технолошки методи се обидува да спречи ширење на заразни болести во Македонија. Веќе во постапка е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести, каде што во членот 28 се додава нова под точка, со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест. Ова не се однесува само за болест, која беше и сè уште е актуелна, а тоа е ковид, туку се однесува и на сите евентуални идни епидемии на заразни болести.

„Со член 10 од Предлогот се дополнува постојниот член 28 став 6 со нова времена мерка во случај на епидемија за да се спречи ширење на заразна болест – забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест“, се вели во предлогот.

Законот е влезен во процедура на Комисијата за европски прашања, но вчера седницата на која требаше да се расправа се одложи за утре – 14 декември. Како што образложуваат од ресорното министерство, суштината на предлогот е во случај на појава на заразна болест да се забрани влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести се дозволува Министерството да примени и технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

– Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29 а.

Светската здравствена организација предлага да се примени основниот принцип за приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението. СЗО евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.

На оваа тема веќе има бројни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните сметаат дека со овие законски измени им се ограничува правото на движење кое што е со Уставот загарантирано. Велат дека овие законски решенија навлегуваат и во делот на ранливите категории на граѓани, кои, пак, имаат свои права и се заштитени со други законски решенија.

Сали:Со новиот закон нема да има присилна вакцинација

Министерот за здравство Беким Сали, со објаснување што ќе значи носењето на овој закон за целокупното население.

– Тоа не се однесува на никаков тип на граѓани кои не сакат да се вакцинираат, меѓутоа ги освестуваме дека невакцинирањето по автоматизам не е право за движење каде било и кога било. Сите ние сме дел од општество каде сносиме одговорност. Нашите определби за вакцинирање или невакцинирање,и кога Владата одлучува да има некаква забрана, или ограничување на движење. Ние со закон сме заштитени да донесеме одлуки за заштита на населението од заразни болести – вели Сали.

Според него доколку Владата за време на епидемија одреди мерка, тоа значи дека таа мерка е со Закон покриена. Досега сите мерки на владата беа донесени по насока на Министерство за здравство, на предлог пак, на Комисијата за заштита од заразни болести. Доколку има епидемија на морбили, појаснува Сали, Комисијата за заразни болести може да донесе мерка за децата кои се во ризик, да не одат во градинка.
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ВЕЧЕР.МК

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...