16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЈСП тоне во долгови – Арсовска пред тешка битка да ги реализира...

ЈСП тоне во долгови – Арсовска пред тешка битка да ги реализира ветувањата

Јавното сообраќајно претпријатие е во долгови и тоа мора да се реши. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска аалрмира дека затекнува многу лоши состојби во дел од јавните претпријатија. Од досега скенираното јасно е дека ЈСП е во криза, но тоа како што вели нема да ја поколеба во планот да го реализира ветувањето за бесплатен јавен превоз за граѓаните. Арсовска на брифингот со новинарите, од јавноста побара трпение и уверуваше дека се е возможно доколку добро и квалитетно се менаџира. Не даде детали колку ќе чини инвестицијата за бесплатен превоз за граѓаните.

Јас сум човек кој сака да се консултира со експерти пред да донесе било каков заклучок. Не можам да кажам колку ќе чини инвестицијата пред да бидат направени потребните пресметки. Треба да се направи ревизија на фирмите кои се во финансиска загуба, како што веќе ЈСП се соочува со финансиски тешкотии и работи со големи загуби – рече градоначалничката Данела Арсовска,

Арсовска уште во кампањата предупредуваше дека ЈСП уште во првите шест месеци било во загуба од 139 милиони денари, и тоа било класичен пример на лошо менаџирање.

Градоначалничката на Скопје вели дека во никој случај градот нема да има трамвај на тркала – најавениот проект на Шилегов за кој беше потпишан и заем со Европската банка за обнова и развој – бидејќи, граѓаните ја одбрале нејзината програма која предвидува бесплатен јавен превоз и 250 еколошки автобуси.

На брифингот со новинари таа се наврати и на раскинувањето на договорот за новогодишно украсување на Скопје кој беше потпишан од Шилегов во вредност од близу 250 000 евра. Арсовска порача дека Скопје нема да биде тажен град за време на празниците, туку ќе биде украсен но за тоа ќе се потрошат значително помалку пари.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...