19.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаUncategorized @mkБагерист сакал да го прегази претседателот на месната заедница Леуново

Багерист сакал да го прегази претседателот на месната заедница Леуново

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жителите на Леуново, Маврово, Никифорово и Маврови Анови најавуваат протести за утре за да кажат стоп на бетонизацијата со дивоградби во ова природно подрачје околу вештачкото езеро, а ќе бараат ревизија и мораториуми на Деталните урбанистички планови, пишува Телма.
Тие потенцираат дека и покрај забраните за градба на делот во близина на хотелот Радика, таму продолжува да се гради и тоа е уште една дополнителна причина за протестот.

<

На терен работат багери, покажуваат фотографии испратени до Телма иако пред речиси два месеци е издадено решението за уривање на 9 куќи што наместо да бидат отстранети од инвеститорот, забрзано се градат.

При обидот да го спречат градењето и да ги побараат дозволите за градба на увид, жителите и претседателот на месната заедница Леуново тврдат дека биле нападнати односно првиот човек на локалната заедница пријавил во полиција дека багеристот сакал да го прегази по наредба на човек од обезбедувањето на објектите кои треба да се уриваат.

Од полицијата го потврдија инцидентот и соопштија дека го информирале обвинителството за да преземе постапки од нивна надлежност. Претседателот на месната заедница бил повреден откако багерист двапати го туркал со градежната машина.

-На 29 октомври 2021 година во 14 часот и 45 минути В.Л.(61) од гостиварско Леуново во СВР Тетово пријавил дека по претходна вербална расправија за градежна парцела во ова село, на која се изведувале градежни активности, во два наврати бил турнат од работна машина (багер) што ја управувал С.Т. На туркањето му претходело инсистирање од В.Л., во својство на претседател на Месна заедница Леуново, багеристот да покажел градежна дозвола, но лице од обезбедување наводно му кажало на багеристот да го прегази доколку им ја попречува работата. Известен е Јавен обвинител и разговарано е со сите лица инволвирани во случајот, ни одговорија од МВР.
Извор:Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...