24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаUncategorized @mkДокторите алармираат - не очекува силен корона бран, дали здравствениот систем е...

Докторите алармираат – не очекува силен корона бран, дали здравствениот систем е подготвен?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сè уште сме во една поволна фаза кога не сме ја достигнале критичната точка кога може да се случи експлозија на бројките со новозаразени со ковид-19, исто како што тоа се случи во земјите од регионот. Кај нас бројките постепено се зголемуваат, но тоа не значи дека нема да ја постигнеме критичната точка и дека во еден момент нема да ни биде потребен значителен број на здравствени капацитети за да можеме да им овозможиме здравствена заштита на оние на кои ќе им биде потребна, вели за Сител д-р Злате Мехмедовиќ, специјалист по јавно здравје.

<

За мерките коишто во моментов се активни кај нас, а кои се донесени од страна на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ смета дека не се во насока на тоа да го ублажат ударот од силниот бран кој ќе следува.

– Никој не ја знае точната критична точка кога ќе се случи експлозија на бројките со новозаразени од коронавирусот. Пред нас е сериозен пик кој сериозно ќе го оптовари здравствениот систем. Мислам дека не е тоа нешто што е возможно да се избегне. Гледаме што се случува во Бугарија, во Србија или во Грција. Секаде во соседството има една сериозна епидемиолошка критична состојба, која наскоро ќе се пресели и кај нас. Ситуацијата овде ќе биде дури и полоша од онаа што ја гледаме во соседството. Доколку јас се прашувам, уште веднаш би вовел нови мерки кои би го ублажиле тој иницијален силен бран. Пандемијата треба да се контролира преку превентивни мерки, а не преку клинички мерки. Најважно е да се намали бројот на новоинфицирани и на тој начин да се намали притисокот и оптовареноста врз здравствениот систем – објасни д-р Мехмедовиќ.

Најмногу на удар ќе бидат невакцинираните, посочува тој.

– Многу мал е бројот на вакцинирани кои завршуваат во болница поради компликации од коронавирусот и тоа е така во сите земји. Затоа треба да се зголеми процентот на вакцинирани граѓани. Веројатно ние сме единствената држава во светот која има 37 отсто вакцинирано население, а 100 отсто од населението поседува сертификат за вакцинација. Тоа значи дека немаме доволна контрола. Ако имате соодветни мерки, тогаш тие треба да се почитуваат. Не треба вие да апелирате да се почитуваат мерките, туку треба да го контролирате спроведувањето на мерките. Нè очекува сериозно тешка зима – рече д-р Мехмедовиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...