31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОткако ја спаси Владата, Кастриот Реџепи на средба со Бујар Османи...

Откако ја спаси Владата, Кастриот Реџепи на средба со Бујар Османи…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со особено задоволство прифатив да упатиме заеднички повик за политичка консолидација на сите прогресивни сили во земјава, со цел искористување на претстојните можности кои ги нудат зимските самити на ЕУ а со цел остварување на стратешките цели на државата.

<

Ова го пишува на официјален фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи кој утрово на иницијатива на Кастриот Реџепи имал средба со пратеникот, на која го запознал „подлабоко и пошироко со процесот на европски интеграции, и последните состојби во надворешната политика“.

-Покрај актуелните севкупните состојби, информирав и за впечатоците и пораките добиени од последната посета на Брисел, како и за пораките со кои изминатава недела во Скопје пристигнаа премиерот на Холандија, Марк Руте, како и новиот сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт. Очигледна е зголемената политичка активност од страна на голем број меѓународни пријатели, кои се насочени во создавање нова иницијатива со која би се одблокирал процесот на проширување на Европската Унија, наведува Османи во фејсбук статусот.

Реџепи е пратеник на Беса кој не се појави на собраниската седница за доверба на владата, за што иницијатива поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прес – конференција во понеделникот изјави дека самоволно се засолнил на денот на гласање со цел да не се доведе до нарушување на процесот на евроинтеграции на земјата што е спротивно на неговите идеолошки убедувања и стратешката цел дадена од граѓаните.

Тој тврди дека Беса се уште е дел од Владата бидејќи засега одлука за напуштање на владеачката коалиција нема.

За денеска најавена е средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која ќе се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...