-0.1 C
Ohrid
недела, ноември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаКОД: Пендаровски ја намалил, судот ја „избришал“ единствената затворска казна за смртта...

КОД: Пендаровски ја намалил, судот ја „избришал“ единствената затворска казна за смртта на дете во неисправниот лифт-убиец

„Лифт-убиец“ на дете – изданието на КОД пред три години ги анализираше судските одлуки за трагедијата од јуни 2016-та за трагедијата во која 6-годишниот Петар загина во неисправен лифт во нова зграда во Куманово.

Лифтот немал заштита пред вратата и имало процеп (дупка) во окното. За време на сервис, лифтот бил оставен да се користи наместо да се смени или да се забрани негова употреба. На детето му паднала топка во отвореното окно и кога се обидел да посегне по неа, лифтот тргнал на повик и се случила трагедијата.

Од тогаш па се до денес родителите се уште ја бараат правдата за својот Петар. Условна затворска казна уште тогаш имаше за фирмата и управителот кои стопанисувале со зградата и кои одлучиле да признаат вина.

Втората фирма и управителот надлежни за одржување на лифтот одлучија да ја докажуваа својата невиност. Но во декември 2018-та кумановскиот суд носи пресуда, Бобан Додевски е виновен и одредува едно годишна затворска казна. Се жалело обвинителството, но апелациониот суд во април 2019 ја потврдува пресудата за Тешки дела против општата сигурност.

-Сметаме дека е премалку, а од момент на правосилност до сега нема ниту еден ден издржаноод казната, бидејќи има одлагања со месеци и години, вели адвокат на семејството на загинатото дете.

-Од пресудите не бевме задоволни, имаше само една затворска, а 3-4 беа условни со признавање на вина. Од 4 лица обвинети, на крај има пресуда од само една година и таа е одложувана веќе две години, сведочи Никица Петковски, таткото на загинатиот Петар.

Од април 2019 до денес се случиле неколку работи поради кои едно годишната казна Бобан Додевски не ја отслужил, а сите се поврзани со неговата здравствена состојба. тој во неколку наврати барал а судија дозволувал да се одложи одењето в затвор поради тоа што Додевски имал тешка болест-малигно заболување.

-Одложувавме извршување 3-4 пати токму поради тешката болест, изјави Дејан Додевски, адвокат на осудениот.

Но, во меѓувреме и претседателот на државата Стево Пендаровски се вмешал во случајот. Тој има право да помилува осуденици, па така меѓу делумно помилуваните се нашло и името на осудениот за настанот со лифтот во зградата во Куманово каде жртва беше шест годишниот Петар. Одлуката на Претседателот била казната да се намали за една четвртина па од 12, таа паднала на 9 месеци.

Сепак најголем шок за семејството на детето била последната одлука која ја добиле од кумановскиот суд а која воопшто не ја очекувале. Од ефективна затворска, преиначена е во условна, девет месеци во затвор но само ако во следните три години стори кривично дело.

Причина за ваквата одлука е медицинска документација дека осудениот има тешко малигно заболување, а според судот е употребена законска можност која што е дозволена во вакви ситуации.

Од Основен суд Куманово ни одговорија зошто ја донеле одлуката и ја поткрепиле со стручни називи од римско и казнено право.

-Одамна е надминато талионското начело, око за око, заб за заб, а современото казнено право се помалку е свртено кон ретрубитивниот елемент на кривичната санкција, а се повеќе е свртено кон ресоцијализација на личноста на обвинетиот, па судот смета дека изрекувањето на ефективни казни во конкретниот случај, можеби би ги задоволиле емоциите на оштетените и пошироката јавност, но во исто време би создало ново неправо, прекумерно страдање на еден тешко заболен човек, кога целите на казнувањето можат да се постигнат со алтернативна мерка условна осуда, гласеше одговорот на кумановскиот суд.

Но две различини и спротивставени гледишта на ваквата одлука имаат двајцата адвокати, на обвинетиот и на семејството. Обвинетиот достави документи и за негово лекување, не само во државата, туку и во странство каде исто така прима терапија.
За повеќе детали,Тука
Извор: Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...

По обидот за убиство, Штекли го изгуби кучето – нуди награда од 200 евра

По обидот за убиство, Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на социјалните мрежи. На неговиот профил на Инстаграм тој упати јавна молба со...