20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонија70 годишната Самаетка Рушити од Кичево била избркана на улица од нејзината...

70 годишната Самаетка Рушити од Кичево била избркана на улица од нејзината ќерка !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е 70 годишната Самаетка Рушити која може да остане на улица. Таа до сега живеела со ќерка и која не е мажена. Вели дека таа веќе не ја сака дома. Сето тоа поради тензиите настанати меѓу мајката и ќерката. Ќерката бара да живее сама откако си ја препишала куќата на нејзино име.

<

Откако случајот стигна до судот во Кичево, оваа мајка неколку месеци беше на улица, додека судот не донесе одлука оваа старица повторно да се врати дома. Но проблемите не завршија.

Социјалниот центар согледувајќи дека нивното заедничко живеење претставува опасност, и понудил да се смести во дом за стари лица, додека се решат проблемите, за да не остане на улица.

Конфликтите продолжуваат меѓу мајката и ќерката и наспроти одлуката од судот мајката да се врати во куќата и да живеат заедно.

Случајот неколку пати бил пријавен во полиција, некогаш од ќерката некогаш од мајката. Ќерката преку жалба бара мајка и да си замине од куќата во рок од два месеца.

ТВ21 контактираше со ќерката која бара да живее сама а не со својата мајка. Таа рече дека имаат проблеми уште кога била мала. Таа ги негира обвинувањата против неа и ја обвини мајка и за навреди и насилство велејќи дека таа жртвувала многу за ова семејство и не и бил награден трудот, затоа, како што вели време е мајка и да си замине од куќата и двете да продолжат со мирен живот. Оваа мајка има и други ќерки, кои се мажени. ТВ21 контактираше и со нив, а тие велат дека ниедна од нив нема услови да ја прими. Единствена надеж е некој да и помогне, и да изгради мала куќа за мајката.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...