5.3 C
Ohrid
недела, февруари 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЗошто останатите три автобуси не застанале? – „Шверц на евтино турско гориво...

Зошто останатите три автобуси не застанале? – „Шверц на евтино турско гориво води до несреќата?“

spot_img

Она што е ја збунува јавноста е како толку брзо се случила експлозијата без можност за реакција од патниците. На прашањето на бугарските новинари Зошто толку многу жртви до Диана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики која била на местото на несреќата, таа вели:

<

„Не можам да си објаснам зошто толку брзо изгорел, претпоставувам превезувал некоја лесно запалива материја. Се слушаат верзии за туби со гориво, најверојатно тоа бил катализатор. Големиот удар бил на втората банкина која ја блокирала задната врата, а автобусот веќе горел и луѓето немало од каде да излезат. Тие се обидувале да излезат на задната врата, но не успеале, бидејќи вартат била блокирана од зашттната ограда, огнот многу брзо се разгорел“, истакна Диана Русинова.

Шверц на евтино турско гориво за Северна Македонија придонел за пожарот на македонскиот автобус и смртта на 45 луѓе на автопатот „Струма“ е главната верзија на службите за која пишуваат бугарските медиуми. Службите за бугарски Блиц откриваат дека туристичките автобуси пред да влезат во Бугарија сопираат на бензиските во Турција пред преминот Капитан Андреево. Таму полнат дизел гориво во легалните резервоари, а бензин во тубите во ѓепекот.

„Според бугарските служби кои информираат за С.Епицентар кои се анономни, горивото шверцерски се распределувало за Бугарија, Србија, Северна Македонија па и други држави. Во Бугарија има ваква практика 30 години не е новина за нас. Епицентар пишува дека последните шест месеци се практикувало ова откако се покачи цената на горивата, бидејќи во Турција е двапати поевтино горивото од Бугарија, Македонија и Србија. Туристичките автобуси не само од споменатите земји, туку и од други земји во багажникот во предниот дел на автобусот имаат резервоари за таков вид гориво, туби кои ги пренесуваат. На автопатот Софија -Благоевград кај Перник се исклучуваат и кај подвозникот ги чекаат автомобили“, вели Патриција Кирилова.

Наводно според пишувањето на бугарските медиуми, останатите три автобуси на Беса транс не се вратиле да укажат помош за да не бидат откриени дека и тие носат нелегално гориво. Брзале да го поминат преминот и да го растоварат горивото на македонска територија.

„Бугарските медиуми пишуваат зошто кога настанала трагедијата другите три автобуси не им помогнале на своите сограѓани, тие патувале заедно, туку продолжиле да возат“, посочи Патриција Кирилова.

На 23 ноември 2021 година литар А95 се продавал во Турција за 8.46 турски лири т.е. 36 македонски денари. Друга верзија е дека имало голема количина петарди во ѓепекот.
Извор Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ Почитувана јавност, во моментов сум во КПД Скопје-Скопје,...

Телефонот му е одземен, ќе има и санкции- Веднаш после скандалот Васил е ставен во самица !!!!

Мобилниот телефон на Васил Јованов, осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, му е одземен, извршен е...

ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика да се бојкотира ЕКС-ЈУ музиката во Македонија.

Опозициската ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и општ бојкот на концертите на...

На само 19 години имал разработано нарко шема, во два станови чувал дрога а имал и дилери…

Кривичниот суд ја објави интегрално пресудата за Васил, возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Силбо. Васил претходно се гонел за кривични дела...