28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПоголема голичина петарди и нафта се швepцувале во автобусот на „Беса Транс“...

Поголема голичина петарди и нафта се швepцувале во автобусот на „Беса Транс“ кој однесе 45 животи?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според првичните наоди на бугарската полиција за несреќата на автопатот Струма во Бугарија, автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ изгорел целосно за неполни две до три минути, а токму тоа е причината за големиот број починати патници.

<

Според првичните наоди на полицијата пожарот започнал во предниот дел на автобусот.

Според информации од истрагата Инфомакс неофицијално дознава дека во предниот дел на автобусот имало нелегален резервоар со капацитет од 1000 литра за нафта

кој секако допринел за оваа собраќајна несреќа да се претвори во трагедија имајќи во предвид дека дизајнот на секое возил кога станува збор за локацијата на резервоарот предвидува строги безбедносни правила.

Но она што е најшокантно, а неофицијално го дознава Инфомакс е дека во автобусот се превезувала поголема количина на пиротехнички материјали кои требало да завршат на македонскиот пазар пред новогодишните празници.

Покрај дополнителниот резервоар автобусот имал и посебен магацин за шверц на стока, а во конкретниот случај се превезувал пиротехнички материјал или околу 30-тина илјади петарди.

Овие информации го објаснуваат и сведоштвото на бугарската новинарка Патриција Кирова која потенцира дека сите жртви во страшната несреќа биле на средната врата од автобусот и се обидувале да побегнат, а ниту еден патник не бил на своето седиште.

Доколку по пожарот во предниот дел кој настанал поради дополнителниот резервоар за нафта експлодирал пиротехничкиот материјал, јасно е веќе зошто ниту еден од патниците не успеал да се спаси и да побегне низ вратите на автобусот.

Неофицијално на шоферот кој управувал со патничкото возило, непосредно пред несреќата му се слошило па на граничниот премин помеѓу Турција и Бугарија побарал смена од својот колега сега починатиот Љупчо Зафиров.

Извор: Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...