26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаСветСловенечката полиција: Жените помалку непотребно да провоцираат со цел да се избегне...

Словенечката полиција: Жените помалку непотребно да провоцираат со цел да се избегне силување.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата на Словачка во препораките за спречување на силување наведува дека жената треба да избегнува мрачни места по заоѓањето на сонцето, како и забави со алкохол и наркотици, кои можат да „предизвикаат насилно однесување”.

<

Жените исто така не треба да испраќаат мешани сексуални сигнали и непотребно да провоцираат, се наведува во препораките објавени на официјалната интернет-страница на словачката полиција.

На прашањето на словачкиот портал Еурактив што се подразбира под „измешани сексуални сигнали”, портпаролот на полицијата истакна дека тоа може да се сфати како „однесување на потенцијална жртва, кое потенцијалниот сторител може да го објасни на различни начини, како флертување, насмевка, намигнување и така натаму”.

– Советите дадени од полицијата на нејзината веб-страница функционираат според стереотипното мислење дека силувањето го извршил непознат сторител скриен во грмушка, наведе Јохана Неједлова од чешката невладина организација „Согласност”.

Зузана Оченашова од Координативниот методолошки центар за превенција на насилството врз жените посочи дека жените во најголем број случаи трпат насилство од нивните партнери или луѓе што ги познаваат.

Истражувањето на Центарот покажува дека само во 12 проценти од случаите жените не го познавале сторителот. Секоја петта испитаничка посочила дека не пријавила насилство поради недоверба во полицијата, што е највисок процент во Европска Унија.

Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...