16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Затворање на границите нема да даде резултат

Филипче: Затворање на границите нема да даде резултат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако се разговарало за новиот Омикрон сој на корона вирусот кој веќе почна да влева страв низ европските земји, Филипче смета дека Епидемиолошката состојба е стабилна. Министерот за здравство смета дека затворање на граници и карантин на патници немало да даде ефект.
– Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи, рече министерот за здарвство Венко Филипче на денешната прес конференцијата.
Како што рече тој, ќе остане на овие мерки засега и ситуацијата ќе се следи.
– Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, рече Филипче.
Инаку омикрон е најновиот сој на коронавирусот со потекло од Јужна Африка. Викендов започнаа да се регистрираат и првите случаи низ Европа, по што низа земји одлучија да ги затворат границите особено за патниците од јужноафриканските земји.
Светската здравствена организација официјално рече дека омикрон претставува многу висок глобален ризик и земјите треба да се подготват. Сепак препорачаа државите да не прибегнуваат кон затворење на границите.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...