16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаРеакција на родителите од градинкатa: Песната "ЖЕНА ОД СУЛТАНА" е музичка желба...

Реакција на родителите од градинкатa: Песната “ЖЕНА ОД СУЛТАНА” е музичка желба на дете !!

spot_imgspot_img

Денеска на социјалните мрежи и медиумите се прошири видео снимка каде во скопска градинка воспитувачка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат. Родителите на децата во градинката излегоа со писмено соопштение – демант, дека децата сами си ги бирале песните тој ден, бидејќи тематската содржина била музичка желботека.

„На ден 29.11.2021 година, во електронскиот медиум Слободен печат е објавено видео со наслов „Жена од султана“ ечи во скопска градинка: Ајде играјте, да ве видам сите, децата ова слушаат. Во наведената содржина во чиј прилог е и објавено видео, е наведено дека анонимен револтиран родител до редакцијата на Слободен печат испратил видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на пет годишни деца им пушта турбо фолк, ги снима и им вика да играат и да пеат, притоа од содржината на видеото може да се слушне и обраќање на воспиувачот до деца со име и презиме.

Како револтирани родители на петгодишните деца, кои посетуваат секојдневно градинка, со доставување на ова Барање, бараме да го објавите нашето реагирање, односно Одговор на објавеното видео, при што бараме овој одговор, по објавара од Ваша страна да биде соодветно превземен и објавен и од другите електронски и печатени медиуми кои вршат превземање на објавата.

Со доставување на овој Одговор – реагирање, сакаме да ја информираме и Вашата редакција а во исто време и целата јавност во однос на тоа дека погрешно е прикажан само еден дел од снимката, без истата да се цени во нејзината севкупност. Конкретниот ден 26.11.2021 година секое дете во рамките на слободните активности кои ги имале тој ден, имало право и кажало по една музичка желба и тоа најразлични музички желби од различен жанр – со забавна, класична, народна содржина и овие песни биле пуштени од воспитувачот. Затоа воопшто не е издржано тврдењето дека децата се забавуваат и едуцираат во градинка со турбо фолк песни од причина што тематската содржина конкретниот ден била музичка желботека, а потоа преку едукација детска игра и разговор приспособен токму на возраста на која припаѓаат децата, истите се воспитуваат и едуцираат согласно програмата на воспитувачот прифатена од градинката, за која ние како родители сме задоволни.

Затоа одлучивме да го доставиме овој Одговор- реакција на објавата и кон овој одговор реакција пристапивме сите родители од едноставна причина што навистина е жално петгодишни деца со дел од снимка, кој воопшто не прикажува содржина, како што е насловот на видеото и како што е реакцијата на анонимниот родител, да бидат искористени за погрешни цели. На видеото се гледаат деца како играат пеат и се забавуваат и тоа на вообичаен детски начин, адекватен на нивната возраст и ова единствено во тој контекст го доживеавме како родители, исто како и другите видеа од иститот ден, каде децата играа и на македонска народна, забавна музика и на детски песни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...