6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: Место да ме наградат што ја придвижив земјата напред, тие му...

Груевски: Место да ме наградат што ја придвижив земјата напред, тие му вршат притисок на Миле да сведочи лажно..

spot_img

Поранешниот премиер Никола Груевски, по денешното рочиште за случајот “Плацевите на Водно”, се огласи преку фејсбук статус. Како што вели, бил испровоциран од новинарските текстови, во кои се објави сведочењето на неговиот некогашен близок соработник и пријател Миле Јанакиески.

Тој во опширниот статус најпрвин вели дека Јанакиески се наоѓал под голем протисок, заради десетината судски процеси против него и една затворска пресуда, па целта на обвинителството била да го приклешти да дава лажни изјави против него.

-Сепак, во едни такви околности, Миле Јанакиевски коректно раскажал како сме работеле, која била генералната моја и на владата политиката на работа во неговиот сектор, како и стилот на работа и водење постапки, пишува Груевски.

Во продолжение тој објаснува дека Јанакиески потсетил за тоа колку и како работеле, и дека тој како премиер секогаш бил упатен и вклучен во сите активности.

-Денешниот главен сведок на обвинителството Миле Јанакиески во неколку наврати повторил дека се што се работеше беше законски и дека многу се внимаваше на тоа. Кажал и дека честопати јас сум го распрашувал за законските процедури за урбанизација, а тоа беше со цел да не се направи законски престап. Тој неколку пати нагласил дека станува збор за стотици и илјадници парцели земјишта кои сме ги поминале на тие состаноци а за кои сме разговарале и сме работеле со желба и план да што побрзо се направи урбанизација и да се гради, ќе повторам, во функција на економскиот развој, пишува Груевски.

Тој потврдува дека често пати оделе и лично да ги видат парцелите, за да како што вели “на терен најдобро можат да се видат состојбите и потенцијалите за развој, и да се одбегнат грешки во канцелариската работа”.

-И конечно Јанакиевски коректно го раскажува и мојот стил на работење кои многумина го нарекуваат микро-менаџирање. Да, јас ги знаев напамет речиси сите позначајни владини проекти и проблеми на речиси сите министерства, често и во најситни детали, и министрите можат да го потврдат истото. Освен што свикував чести состаноци за да видам до каде се со активностите, знаев често за сето тоа да ги прашувам и на седниците на владата, вклучувајки ги и они седници кои се пренесуваа на телевизија во живо, или пак да ги повикам по телефон во различен дел од денот или од ноќта и да побарам одговори во еден здив за 30, 50 или 100 преокти или проблеми да ми кажат до каде се и што се случува, потенцира Груевски, кој презимето на Јанакиески во овој дел го пишува со в.

Во продолжение се фали дека им помагал на сите, па и на улица кога граѓаните го сретнувале, па затоа како што вели министрите често се повикувале на неговото име за да се забрза некоја работа.

-Единствено што Јанакиески во денешната негова изјава или направи превид (затоа што се работи за детали од пред десетина години во цел океан на активности и разговори што низ годините се случувале на стотици илјади теми), или пак под притисок на обвинителството да во секој миг може да му стават лисици на рацете и да го однесат во притвор, сакајки да им удоволи за да не биде повторно казнет и затворен, во неколку наврати прашан дали сум прашувал за тие конкретни земјишта, тој посочувајки дека тоа било во склоп на работата на комисијата за градежна експанзија и развој, или во склоп на работните теренски посети, дискутирајки за стотици проекти, за време на состаноци каде подеднакво и во ист дух и политики сум прашувал и кажувал за стотици други работи, сум прашал и до каде е со овие земјишта, се правда Груевски.

Тој дури вели дека требало да биде награден.

-Наместо да бидам награден со пофални зборови и признанија за трудот и резултатите од една децениска деноноќна работа за да се придвижи економијата и севкупно земјата напред, јас и моите соработници сме прогонувани, оцрнувани и казнувани денес, пишува Груевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...