16.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДали Заев ќе го жртвува Филипче?!- Алтернатива бара министер за здравство Албанец?!

Дали Заев ќе го жртвува Филипче?!- Алтернатива бара министер за здравство Албанец?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на вечерашната седница на Централниот совет на партијата пред членовите ја презентира понудата на премиерот Зоран Заев за Алтернативата да стане дел од Владата.

<

Партиското тело меѓу другото ќе расправа и за ресорите што Заев му ги понудил на Гаши. Станува збор за два ресора – здравство и информатичко општество, како и тројца заменици министри, објави Алсат.

Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали. Гаши планира Министерството за информатичко општество и администрација да му го довери на огранокот на Алтернатива во Куманово.

За имињата од вториот ешалон, неофицијално се очекува партијата на Гаши да го предложи Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Заев и Гаши досега одржаа три средби на кои разговараа за понудата и принципите за влез на Алтернатива во Владата. Но, по средбите Заев и Гаши не открија детали. На последниот состанок во Клубот на пратениците, Гаши кусо изјави дека има позитивен напредок во разговорите.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...

Паункоски: Поддршка за младите претприемачи во Дебрца!

Поддршка за младите претприемачи во Дебрца! Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца ветува дека ќе им даде силна поддршка на сите кои ќе сакаат да...

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на 2026 година

Првите 11 километри од автопатот Прилеп - Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина...