15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЕдинствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на...

Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров.

<

Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал аскетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на македонски јазик.

Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора и во пештерата чита молитви на македонски јазик. Тој е единствениот од цела Цариградска патријаршија, значи од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

-Тој монах е пресвет човек, живее само на леб и печурки, прави супа или некоја чорбичка. Еден леб јаде 38 дена, тој е на строг пост и молитва. Има 75 години а од него зрачи светлина и милост. Тој не е во заедништво со ниту една патријаршија, затоа што се моли и изговара молитви на македонски јазик. Не разговара со луѓе и не прима посети. Јас сум доктор и одам насекаде низ Света Гора. Работам, помагам, давам лекови и неколку пати и на братот во Христа монахот Христодомис, со световно име Георгиос од Лерин сум се видел, раскажува Василис.

И покрај тоа што Василис напиша дека монахот се вика Христодомис, грчките медиуми пишуваат дека неговото монашко име е отец Василиј.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...