15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Пописот носи посреќен живот.

Заев: Пописот носи посреќен живот.

spot_imgspot_img

Заев во вечерашното интервју на Сител зборуше дека пописот носи политики за посреќен живот. Според него најлесно е нешто да одложите, предизвик е да го спроведете, вели тој мислејќи на престојниот попис.

– Сите велиме дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата, никој не ни знае да одговори на тоа, но ние и правиме штета на државата, трошиме кој знае колку пари затоа што немаме попис, тоа е алатка која се користи на секои 10 години за правење ефикасни политики, политики за развој на економијата, политики за подобар стандард и посреќни граѓани. Знаете, најлесно е нешто да одложите, прашање е дали ќе прифатите предзвик да го спроведете, истакна премиерот Зоран Заев, во вестите на Сител.
Тој направи споредба со ланските обиди на опозицијата да ги одложува парламентарните избори до недоглед, но во ваква ситуација на неизвесност никоју не знае каква ќе биде здравствената криза следната година.

-Изборите ги одложувавме до јули, опозицијата велеше да бидат во септември, а каква ни беше систиацијата есента? Непроменета беше. Со оглед дека никој не може да гарантира каква ќе биде ситуацијата за шест месеци или една година, тогаш зошто да одложуваме. Тоа што можеме да го направиме денес, да не го одложиме за утре. Други држави одложуваат оти имале пописи пред десетина години, а ние? Ние имавме во 2002 година последен попис, заклучи Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...