13.3 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДури кај 17 лица на фестивал во Скопје пронајдена дрога!

Дури кај 17 лица на фестивал во Скопје пронајдена дрога!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Долго најавуваниот Таксират Фестивал 23, кој се одржа вчера во Спортски центар Борис Трајковски во Скопје, им отворил многу работа на полициските службеници од СВР Скопје.

<

Настанот кој предизвика голем интерес кај посетителите, и за кој секогаш се бара билет повеќе, го засенија податоците од денешниот билтен на МВР, според кои дури 17 лица на возраст од 18 до 38 години биле приведени, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.

Кај 15 од приведените дрогата била пронајдена во спортскиот центар, а пак кај двајца на паркинг просторот пред спортскиот центар.

Одземена е марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови на таблети и пакувања со тврда материја.

Приведените се од Скопје, Битола, Велес, Штип, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Србија и Косово, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, Таксират е уникатен фестивал на кој настапуваат регионални и светски музички ѕвезди. Во историјата на официјалната страница на фестивалот е наведено дека истиот има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата.

Вики Клинчарова Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...