21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаЗабаваМухарем Сербезовски открива: Јас и Есма бевме циганските Ромео и Јулија, синот...

Мухарем Сербезовски открива: Јас и Есма бевме циганските Ромео и Јулија, синот Симеон демантира !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што пишува интернет порталот Курир.рс, познатиот балкански пејач на ромски песни Мухарем Сербезовски изјавил дека повеќе од пет децении бил лудо заљубен во за жал сега покојната кралица на ромската песна, Есма Реџепова.

<

Тој меѓудругото открива дека во тинејџерските денови биле лудо вљубени еден во друг и дека изгледале како Ромео и Јулија.

“Тоа беше многу одамна, кога имав 12 години. Настапував во разни културно-уметнички друштва во Македонија и во една прилика ја сретнав тогаш младата, но сепак, расна девојка која ја викнаа за да ја препее песната која јас ја пеев на ромски јазик, а другите на ја разбираа. Тоа беше Есма. Веднаш се заљубив во неа, а и таа во мене. Подоцна таа призна за некои медиуми кога ја прашувале за мене.

Нашата љубов згасна кога станав неподнослив, веројатно затоа што станав познат и популарен пејач. Есма и јас бевме циганските Ромео и Јулија”, изјавува пејачот Сербезовски.

Во меѓувреме, реагираше синот на Есма, Симеон Атанасов кој остро ја демантира веста и вели дека имало некој пред Стево, но тоа секако не бил Мухарем. Тој во својот демант вели:

“Како дете кое живееше со Есма Реџепова скоро 40 години се до нејзината смрт, и кое знае се за неа, сакам да изјавам дека мојата мајка немала било каква врска со Мухарем Сербезовски. Јас навистина незнам дали Мухарем има дадено ваква изјава и кога било тоа, но знам дека Есма и Мухарем не беа воопшто во добри односи поради тоа што целиот свој живот тој превземаше турски песни и ги препејуваше, додека мојата мајка Есма имаше става и сакаше да се пејат чисто ромски песни и ништо друго. Постоел само еден човек пред таа да се запознае со Стево теодосиевски, но тоа секако не бил Мухарем”, вели во демантот за Курир.рс, синот на Есма, Симеон Атанасов.

Извор:Музика24
ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...